Граѓанину на Кавадарци, крени глава високо горе!

пишува Кире Бебеџаков

Почитувани сограѓани, жители на општина Кавадарци и тиквешијата. Вчерашниот ден, денот кога самите бевме креатори на испишување на историјата на Република Македонија, водевме титанска борба со режимот. Жестоко се боревме на сите фронтови, на сите избирачки места, на секоја педа. Како во Кавадарци така и во цела република.

Додека нетрпението околу некои конечни резултати сеуште трае што по традиционалните медиуми што по социјалните мрежи, треба една работа добро да ја запомнете и да ви биде кристално јасна како ден: ВИЕ, граѓани и сограѓани, сите ВИЕ кои својот глас го дадовте против режимот на Груевски, против неговата злосторничка фамилија, против злото и криминалите на оваа банда, токму сите ВИЕ сте победници на вчерашните предвремени парламентарни избори во Кавадарци и Македонија. Запаметете го тоа добро и НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ НИКОМУ ДА ВИ ГО ОДЗЕМЕ!

Токму заради вас, вашата храброст и одлучност, митот е соголен, царот е доведен на коленици, клечи пред цела ваша чесност и разумност со која вчера му покажавте црвен картон, му испративте јасна порака дека нема што повеќе да бара под политичкото небо и дека неговата наредна дестинација треба да биде затворската резиденција во Шутка.

Сите вие кои гласавте за подобро утре, вие кои не трпите неправди, кои сте во постојана потрага по чесноста и достоинството, вие кои кажавте НЕ за уцените и сиромаштијата, заканите и притисоците на работното место, вие кои дадовте подршка за лозарите и за работниците, вие кои рековте НЕ на режимот и на диктатурата, на партиската администрација истурена во непотизмот, на корупцијата и злото…Сите вие сте АПСОЛУТНИ ПОБЕДНИЦИ. Затоа кавадарчани, КРЕНЕТЕ ГЛАВА ГОРДО ИСПРАВЕНО!

Резултатите од изборите се крајно неизвесни. Како никогаш до сега. Режимот е прекршен. Целиот искривен соочувајќи се со нивниот најголем пораз од 2006 година па наваму. Секако дека и овците не им се на број, затоа што за разлика од минатите избори имаат изгубено премногу гласови. И нека не се чудат. Тоа се гласови токму од администрацијата со разум и која не трпи партиски притисоци, од полицијата со искинати униформи како и од армијата на Република Македонија која сеуште користи ќебиња од времето на ЈНА. Тука се гласовите и на лозарите, социјалците, вработените во приватниот сектор.

Револтот кај кавадарчани се издигна високо над сите политики и политички партии. Се издигна уште повисоко над извршителите и инспекторите, арачот и казните, над уценувачите и партиски заслепените.

И овие избори како и изминативе десет години беа проследени со крајни нерегуларности. На списоците скоро на цела Македонија имаше фантомски лица, имаше наши сограѓани од Кавадарци кои поседуваат уредни валидни лични документи а притоа не беа на избирачките списоци, наши сограѓани пристигнаа од европските земји за да гласаат овде, во родниот крај, но беа бојкотирани, ги немаше на изборниот список. Закани и притисоци врз државната администрација, стандард и практика за овој режим од денот кога се дојдени на власт.

Е сега, одиме чекор понатаму. Ви текнува на предизборната кампања и реториката со која постојано режимот се водеше и ве манипулираше за некаква двојазичност доколку опозицијата победи? Ви текнува како Груевски побара 63 пратеници за да се ослободи од албанците?

Епа почитувани, додека го читате овој текст, во овие моменти задникот на Груевски се наоѓа гол изложен на плоштадот во општина Зајас, каде што преговара со неговиот долгогодишен тендераш, коалиционен партнер, Али Ахмети. Верувајте, спремен е пастирот и цела реденка да издржи онака храбро, што се вели патриотски, само и само по секоја цена да ја задржи власта. Го заболе него за членовите и гласачите на ДПМНЕ, го заболе за земјоделците, за стечајците и административците, за полицијата и припадниците на АРМ. Го заболе Груевски буквално за сите граѓани на Република Македонија. Единствена институција за која се грижи човекот е Специјалното Јавно Обвинителство од каде му доаѓаат и најголемите закани.

Почитувани сограѓани, главата високо горе сите вие кои му удривте шамар на деспотот. Вчерашните избори се само почеток и навестување на доброто што доаѓа, на уривањето на режимот. Граѓаните на Македонија, јас и вие, во заедничка борба со Катица, Ленче и Фатиме од СЈО, ви ветувам дека правдата ќе ја изнесеме на виделина и дека Груевски и фамилијата ќе бидат изнесени пред лицето на правдата.

КАВАДАРЦИ, ЛУЃЕ, НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ! НИ ПОД РАЗНО! ОДИМЕ НАПРЕД! СО КРЕНАТИ ГЛАВИ! БОРБАТА НИКОГАШ НЕ СМЕЕ ДА ПРЕСТАНЕ! ТОА Е ДВИЖЕЊЕ ЗА КОЕ СМЕ ДОБРО ПОТКОВАНИ И ЗНАЕМЕ КАКО ДА ГО ОДРЖУВАМЕ! ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ! ДО КОНЕЧНА ПОБЕДА И УРИВАЊЕ НА ДИКТАТУРАТА!

Leave a Reply

Your email address will not be published.