Градскиот стадион во Кавадарци на забот на времето

Стадионот, кој е во сопственост на Република Македонија, е даден под концесија на еден кавадаречки “бизнисмен”. Според договорот кој е потпишан, концесионерот има обврска и за континуирани инвестиции во овој објект. Поради неговото несовесно работење т.е не одржување во кондиција на внатрешниот и надворешниот ентериер, градскиот стадион е доведен до ова дереџе.

 
Од горенаведените причини е поведена постапка за одземање на концесијата. Исто така е во процедура овој објект од државна сопственост да премине во сопственост на Општина Кавадарци. Овој процес треба да се заврши во текот на оваа година.

 
Редакцијата Мојот Град беше на лице место, и имаше што да се види. Се прашуваме, а прашуваме и јавно: кој е одговорен за ваквата состојба? Повеќе од очигледно е дека на стадионот а и на клубот треба да му следи озбилни вложувања и реконструкција. Кавадарци и клубот го заслужуваат тоа. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.