(Видео)Градскиот базен во Кавадарци е пуштен во употреба без “амин” од локалната самоуправа?

Во минатите неколку месеци во кругот од базенот се вршеа констуктивни работи за да од пред еден месец биде и официјално пуштен во употреба. Градскиот базен е во сопственост на општина Кавадарци, но до 31 декември 2014 година е отстапен на ЈП спортска сала “Јасмин” од Кавадарци. Но и покрај фактот што базенот е во фунцкионална употреба, граѓаните и целокупната јавност од општина Кавадарци се видно збунети околу неговата сопственост или начинот на кој е пуштен во употреба. Има ли градскиот базен во општина Кавадарци свој концесионер?

За оваа тема и прашања околу истата имаше на “жестоката” дебата на последната седница на совет на општина Кавадарци каде на советничките прашања околу сопственоста и концесионерот на овој објект градоначалникот Александар Панов немаше конкретен одговор. Иако во процедура е постапката за отпочнување на јавно приватно партнерство која ќе потрае подолго време, јавноста прашува кој дал одобрение и на кој начин градскиот базен е пуштен во употреба без било каква одлука да помине на совет на општина Кавадарци?

Советникот Зоран Бањански упати неколку конкретни прашања до градоначалникот Александар Панов во овој дел, конкретно во делот дека објектот градски базен нема детален урбанистички план и секој нареден концесионер би се загрижил за својата инвестиција доколку овие работи не се дефинирани.

Исто така на седницата беше побарано од официјален претставник на градскиот базен да објасни во кој статус на сопственост се наоѓа овој објект и кој стопанисува со него во моментот.

Останаа да “висат” низа неодговорени прашања. Дали базенот е даден под концесија? Кој го одобрил тоа? Што има профит општината од моменталното работење на базенот? Дали некој плаќа надоместок-кирија за тоа? Колкав е тој надоместок?

Градскиот базен во Кавадарци конечно после долги години е пуштен во употреба. Тоа е навистина добро да се види. Но вистинска мистерија е кој стопанисува со него?

Leave a Reply

Your email address will not be published.