Градоначалниците на Виница и Кочани приведени поради поседување на муниција

 Граничната полиција, во возилото „Ситроен“, во кое тие се враќале од Бугарија пронашла 20 парчиња ловечка муниција и 100 куршуми за малокалибарско оружје. За случајот било известено Регионалното обвинителство – Благоевград, а според бугарскиот закон за МВР определн им бил притвор од 24 часа, информира весникот Стандард. Според весниците, за еден од градоначалниците било запишано „оправдание“ дека „муницијата ја заборавил во автомобилот пред патувањето кон Бугарија.

Дончев и Димитровски се враќале од форумот „Бизнис без граници“, кој се одржал во Благоевград.

Градоначалниците ги демантираат бугарските медиуми и велат дека не биле приведени.

-Со нас во возилото беше еден наш пријател Бугарин, кој се симна во Благоевград, а муницијата ја заборавил во возилото. При рутинска контрола полицијата ја откри муницијата, а ние не ни знаевме дека сме имале муниција. Потоа заминавме во Благоевград каде нашиот пријател даде исказ и потоа се` беше во ред, а ние заминавме за Македонија и, еве тука сме, велат градоначалницте.

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.