Градинарството поврзано со животниот век

Истражувањето објавено во бритнаскиот магазин за спортска медицина покажало дека животот го продолжувате и само со станување од кревет и движење низ двор.

Студијата на универзитетската болница Каролинска во Стокхолм, која опфаќала 4232 лица покажала дека активностите низ двор го намалуваат ззначајно ризикот од срцеви или мозочни удари.

Испитаниците биле поделени во групи кои сакале повеќе да седат и помалку да се движат и оние кои повеќе се движеле, како и според старосните граници.

Експертите ги анализирале нивните активности како што се поправка на автомобил, косење трева, берење овошје или ловење.

Резултатите покажале дека луѓето кои се поактивно имаат најмалку шанси да добијат срцев удар, но и оние кои само биле активни без некои поголеми вежби или работи низ дома, исто така имале понизок ризик од срцев удар за разлика од оние кои претпочитале да седат.

Активностите го намалуваат ризикот од срцев или мозочен удар за 27%, а смрт од било која друга причина за 30%,  и ова се резултати од истражувањето кое траело 12 години.

Научниците предупредуваат дека седењето во текот на подолг временски период го ослабува метаболизмот, а недостатокот на активности ги менува хормоните во мускулните ткива.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.