Говорот на телото

Говорот на телото целосно ја комплетира пораката која ја добиваме од нашиот соговорник. Ако обрнеме внимание на говорот на телото, во можност сме да дознаеме многу повеќе за него отколку што би сме дознале слушајќи го само вербалниот дел на комуникацијата.

Секој (добар) тренинг за вештините за комуницирање во предвид ги зема и невербалните пораки и говорот на телото. Секој терапевт, неизбежно обрнува внимание на говорот на телото на својот клиент за да го разбере што покомплетно.
Телесниот говор понекогаш го надополнува она што го зборуваме, меѓутоа, во многу случаи е во контрадикторност со вербалните пораки. Во такви случаи, следењето и разбирањето на говорот на телото ни дава комлетен увид во желбите, чувствата и проблемите на нашиот соговорник.

Говорот на телото е аспект од комуникцијата кој ни помага во работа со клиенти. Тој е предмет на интерес на многу луѓе. Често слушаме дека партнерите во интимните, љубовни врски, пробуваат да го читаат говорот на телото на личноста која ја сакаат, сакајќи на тој начин подобро да ги разберат пораките кои им ги испраќа, но исто така, сакаат и да приметат дали е партнерот искрен. Многумина велат дека познавањето на говорот на телото е како детектор за лага.

Од друга страна, лидерите на успешни компании, менаџерите и луѓето на раководни позиции, често посетуваат вакви тренинзи за да ги совладаат вештините на невербална комуникација, за што подобро презентирање на самите севе и напредување во кариерата.

Говорот на телото повеќе не претставува енигма. Во состојба сме да ги проучиме знаковите на човековото невербално однесување и да ги искористиме како дополнување на вербалните пораки.

Од друга страна, проучувањето а говорот на телото не е лесно. Ако земеме во предвид дека поедини истражувања тврдат дека просечната личност произведува околу 700.000 различми движења, јасно е дека ќе ни биде потребно време доколку сакаме да сме вешти во разбирањето на невербалната комуникација.

Говорот на телото, исто така, зависи од контекстот. Исти движења во одредена ситуација не мораат да имаат исто значење кога личноста се наоѓа во поинаква ситуација. 

Ако говорот на телото пробуваме секогаш да го интерпретираме на ист начин, можеме погрешно да го разбереме нашиот соговорник. Говорот на телото, на пример, кога некој ги трие очите (што често се толкува како недоверба) може, едноставно, да покажува знакови на поспаност или иритација на очите. Доколку, без увид во контекстот, ја гледаме личноста која ги прекрстила рацете (што главно се толкува како одбрамбен телесен став), погрешно ќе заклучиме дека се дистанцира, дека е лута, од нешто се брани, иако можеби и е само ладно или пробува да се стопли. На курсевите за невербална комуникација ќе ве научат дека допирањето на носот укажува на анксиозност и покажува дека нашиот соговорник не ја зборува вистината. Ако не го земеме во предвид контекстот, ќе помислиме дека таа личност нешто крие или ја превртува вистината, додека еднакво веројатно е дека е алергична, преладена или има иритација.

Во случај на толкување на невербалната комуникација, како и вербалната и секој меѓучовечки однос, не смееме од предвид да го исклучиме контекстот. Доколку цврсто се држиме до убедувањата дека сме ги научиле знаковите на невербалната комуникација и дека го познаваме говорот на телото, често ќе се случи да сме во заблуда и погрешно да ги толкуваме пораките на нашите соговорници. 

Насоките за разбирање на невербалната комуникација треба да се сфатат само како насоки. Комуникацијата е однос, не е роботизирана и не може да се генерализираат знаковите, како вербалните, така и невербалните пораки. Говорот на телото открива многу единствено ако сме внимателни, ако гоземем во предвид контекстот и вистински сакаме да го разбереме соговорникот. Доколку говорот на телото го учиме само за да бидеме способни да ги ‘фатиме’ луѓето во недоследностите, да ги забележиме лагите и заради манипулирање, веројатно почесто ќе бидеме во заблуда, отколку што ќе успееме да ја подобриме комуникацијата со другите и навистина ќе ги разбереме.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.