Готово е…

Готово е… Македонија ќе има својата светла иднина и паќ ќе ја грее сонце како некогаш. Готово е… чим паранојата не престанува и се се претвора во лудило, тоа е дефинитивниот крај.

Готово е… не плашете се, ослободете го стравот од себе и зграбете ја вистината со целокупното ваше битие.

Готово е… полека сите се обединуваат, секој се стреми кон иднината што ја создава сегашниов момент, момент на искрена љубов и желба за промени.

Готово е… победува интелектуалноста и интелигенцијата, се обединуваат, се држат за рака и освојуваат…

Готово е… нема повеќе лаги, измами, убиства, затварања на невини, бесправно осудувани…

Готово е… еден лош режимски систем паѓа а нов се раѓа…

Готово е… младата генерација се разбуди, се окупира, се создаваат автономни зони, зони кои мирисаат на слобода, на идеја, на љубов…

Готово е… нема назад, се гради нов прогресивен, трнлив пат кој е очигледен.

Готово е… утре ќе се разбудам со повик за љубов, среќа и искрено ќе се насмеам пак како некогаш…

Готово е… на ќерка ми ќе и кажам, дека нема од што повеќе да се плаши (иако нема да ме разбере) јас со солзи радосници ќе и кажам дека е слободна, дека ќе биде среќна и ќе има безгрижно детство исполнето со љубов…

Готово е… жена ми силно ќе ја гушнам и ќе и речам: Не плаши се, се ќе биде во ред, ќе се средиме…

Готово е… ќе можам со татко ми мирно да поразговарам (не за политика) и ќе му кажам дека имам нова работа.

Готово е… ќе ја зграбам ноќта и новиот ден кој се буди и ќе речам: СЛОБОДЕН СУМ И СРЕЌЕН…
Готово е….

(Текстот е превземен од фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.