Готов е, навистина е готов!

Тоа што тој ги поканил студентите на разговор за суспензијата на законот за високото образование, како и монтипајтонскиот говор за предавството на Заев од ” Житието на Брајан”, покажуваат дека човекот престанал да се занимава со политика и дека наместо тоа решил сета своја енергија да им ја посвети на подготовките за заминување. Кои ќе му овозможат, се надева нашиот јунак, да ги задржи плодовите на власта ако стигне да ги истргува за самата власт! И ако може да добие, како важен бонус, мал козметички третман врз своето усрано лице! Тоа е!

Мислам дека под овие услови, во еден доволно развлечен, театрален и квалитетно спинуван процес, веќе е спремен да прифати не само техничка влада, туку и комунистичка, талибанска, нормална, каква било влада во која нема да е тој, ако добие гаранции дека ќе биде недостапен за нејзините правни радари! За себе, а можеби и за Фамилијата! Како Елцин на времето!

Се што е надвор од тој круг, а можеби и многу веројатно и парчиња од тој круг, тој ги има ставено во стечајната маса со која мисли да ги подмирува доверителите и изгорените партнери!
Втората работа со која ќе тргува или веќе тргува е крвта на народот, на своите луѓе и на притивниците, на обичните луѓе, за својата слобода! Јас не верувам дека тој е спремен да произведе масовно крвопролевање, но оние што го држат и управуваат на марионетските конци, можеби се спремни!

Тој е свесен дека политичките потенцијали на неговата мисија се исцрпени и дека секое одолговлекување ќе ја намалува неговата трговска вредност, неговата цена во политичките пазарења околу иднината на Македонија .
Така што тие деликатности се многу поважни од прашањето дали ќе падне власта! Јас мислам дека сега се работи на тие важни технички детали на падот, а не на падот како таков!

(Текстот е превземен од фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.