Горица Пеливанова шири омраза по социјалните мрежи, реакција на граѓаните од Кавадарци!

Претседателката на кавадаречкиот совет, Горица Пеливанова, која патем е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, според коментарите на дел од кавадаречката јавносст, преку својот фејсбук профил се обидувала да шири дезинформации и шпекулации пласирани од владини медиуми и со тоа внесувала немир и раздор како кај внатрепартиското членство на ДПМНЕ така и кај целокупната јавност.

gorica lajkuva

Граѓаните реагираат за нејзините “чудни” постови на социјалните мрежи каде во мигови кога се обелоденуваат историски скандали во кои се вмешани највисоки функционери на ДПМНЕ таа измислува топла вода. Нејзината намера е прочитана и од нејзините внатрепартиски (не)пријатели кои за повеќе од три часа откако е објавен нејзиниот пост, и лајкнале едвај шестмина несогласувајќи се со нејзините ставови. Во нејзината последна објава таа споделува текст од владин медиум кој сее магла за нови крвопролевање, што се ноторни лаги и невистини.  За да не и отиде бадијала објавата, Пеливанова си кликнала сама “лајк” како би се зголемило нејзиното конто.

Пеливанова ја дезинформира јавноста со отварање на нови фабрики (концентрациони логори), привлекување на странски инвестиции (инквизиции со плата од 9.000 денари), нова патна мрежа (на сите влезови и излези кон Кавадарци има кратери на патот длабоки и половина метар), реформи во образование (студентите и средношколците со секојдневни протести), реформи во здравството (граѓаните умираат низ болничките ходници и чекални, Кавадарци со најмногу заболени од карцином), афирмација на РМ (Груевски повеќе нема пристап во Брисел)…реагираат граѓаните.

 jankuloska policija

“Село гори баба се чешла”, коментираат кавадарчани и обвинуваат дека без разлика што и таа самата е партиски полтрон, не треба да замижува пред коруптивните и криминални скандали кои ги обелоденува опзицијата во кои највисоките владини функционери се замешани во скандали како што е прикривање на докази за убиството на Мартин Нешковски, прикривање на докази за смртта на Никола Маладенов, корупција од светски размери…

jankuloska ubistvo

Граѓаните бараат оставка од актуелната влада која од вчера и официјално жестоко удри и кон своите безбедносни полициски службеници со тоа што се обидува да иницира воен конфликт во Куманово како би си ја спасиле сопствената кожурка во моменти кога владата на ДПМНЕ се руши како кула од карти. Повредени се неколкумина полицајци, а паднаа и првите невини животи.

Сценариоо кое го приредуваат Груевски и Ахмети за нивен последен спас не поминува кај граѓаните. Нивните намери се прочитани, а прочитана е и Пеливанова. А и нејзиното време велат, полека одминува.

{facebookpopup}

Leave a Reply

Your email address will not be published.