Ѓорѓи Шемов од Кавадарци освои сребро на светска Олимпијада
Рудникот Алшар беше неговата инспирација при што изработи научен проект – документарен филм за овој рудник од Тиквешијата.
Шемов не го криеше своето задоволсво за постигнатиот успех и на својот фејсбук профил напиша дека неговиот сон полека но сигурно се остварува. Се разбира дека од сите страни пристигнуваа и голем број на честитки на негова адреса.
На овој ист турнир минатата година Шемов освои бронза со проект за загадувањето на тиквешкото езеро.