Горењето на отпадна гума е КАНЦЕРОГЕНО! Чумата ги “јаде” СИТЕ!

пишува Кире Бебеџаков

Добро паметам. Како дете, за време на вечерниот коледарски оган, во група од деца заедно одевме кај најблиските соседи и преку “мрсна” песна да побараме парче дрвце или две како дел од паганскиот ритуал за да не ни изгасне маалскиот оган. Сакавме да трае цела ноќ. И така беше. Добро паметам дека и сите од соседите по своите дворски ќошиња и подрумите им се надзираше по некое парче отпадок од гума, што од возило што од трактор, камион… Паметам исто така, кога возбудено им ги баравме да ни ги дадат отпадните гуми како би можеле да го разгориме маалскиот оган високо до недоглед. Но, соседите, децидно не одвраќаа на ова наше барање со совет и “школо” дека кога парче гума гори во пламен, се ослободуваат гасови кои се штетни по здравјето. Посебно за децата. Добро паметам.

Да преминам на главното. Процесот на горењето на отпадните гуми испушта токсична “супа” од загадувачи. Најмалата и најранлива категорија на граѓани, децата, се особено изложени на ризик. Стотици различни токсични материи се создадаваат од горењето на отпадните гуми, како и огромен број на мали честички кои навлегуваат длабоко во белите дробови.

Мајчиното млеко е најдиректно загадено при овој процес. Штетните честички ослободени од горењето на отпадните гуми преку мајчиното млеко ги консумира бебето кое се дои. Последиците се катастрофални за развојот на малечкото.
Деца, ембриони, мали бебиња, старите лица, астматичари како и лицата со слаб имунолошки организам се далеку поранливи при допир со загадените честици од гасовите кои се ослободени при процесот на согорување на гумата. Малите честички ослободени при горењето сериозно го загрозуват здравјето на астматичарите а може да придонесе за болести на срцето.

Од Американската академија и педијатрискиот комитет за здравје и животната средина велат дека честичките кои се се ослободуваат од гасовите при согорувањето на отпадната гума се директни предизвикувачи за зголемена смртност и зголемување на срцевите заболувања и рак.

При процесот на согорување на гумата, штетните гасови кои се ослободуваат не може во целост да бидат уништени посебно ако технологијата и системот на обработка е од “времето на дедо Ное”. Во најдобри услови, со стара технологија, максимум некои 76% од гасовите остануваат затворени или заробени при процесот додека останатите 24 им ебаваат мајката и на околината и на населението.
При горењето на отпадни гуми драстично се зголемуваат емисиите на токсични метали од процесот, вклучувајќи: хром, арсен, цинк, бариум, кобалт, бакар, железо, алуминиум, манган и ванадиум. Ако приметувате сите овие горенабројани се тешки метали кои се предизвикувачи на тешки и сериозни заболувања.

Отпадните гуми не се дизајнирани да бидат изгорени како гориво бидејќи содржат опасни материи. Една гума содржи 25% масла добиени од бензин, 25% стирен – дериват на бензин, и 25% 1,3 бутадиен. Бутадиенот се води како канцероген за човечкиот организам.ПРОВЕРЕНО!

При согорувањето на гумата, од концентрациониот логор (читај – фабрика) се ослободуваат високи нивоа на ситни честички кои содржат цинк-оксид. Вдишувањето на мали честички кои содржат цинк предизвикува воспаление на белите дробови. Оштетувањето на белите дробови е документирано во анималните студии на нивоа пониски од стандардните. Што значи дека со текот на времето ако ситуацијата остане непроменета, белите дробови се претвараат во избушена хармоника. Едноставно НЕ ФУНКЦИОНИРААТ. Астматичарите се на посебен ризик од изложеноста на цинкот. Исто така постојат и докази за оштетување на фетусот од изложеност на цинк.Сте се запрашале ли некогаш зошто во средината која ве опкружува има голем број на абортуси и оштетени фетуси?

Во нормални земји и во некаквни нормални човечки услови на живеење и права, граѓанинот првенствено би ставил прст на чело и во најрана фаза би интервенирал на соодветен начин со борба за своите најосновни егзистенционални човекови права кои му гарантираат пред се дишење на здрав и чист воздух. Се прашувам, дали е возможно да постојат загадени животни средини во кои граѓаните кои живеатво нив се толкави морони и идиоти со тоа што се рамнодушни и не превземаат ништо во врска со загадувањето кое ги опкружува? Дали е возможно нивниот мозочен капацитет да е дотолку низок да една рака бескичмени луѓе-профитери убедува десетици илјади граѓани дека еколошката средина е здрава и читава и дека нема потреба од возбудувања и непотребни реакции на граѓаните? Не треба ли да се интервенира за да си ги заштитат граѓаните сопствените деца пред да се направи поголема токсична штета? Се ми се чини, како одминува времето, еден ден истиот тој граѓанин ќе разбере дека е премногу доцна. А знаете кога почнува да се освестува вечно неосвестениот? Кога некој негов близок ќе замине предвреме на небеса.Тад је касно да се кајеш…

А сега, збор-два за работникот. Сте се запрашале ли некогаш што е со вработените по фабриките кои се најдиректно изложени на испуштањето на овие штетни гасови? Иритацијата на кожата и печењето при работното место се сериозна закана за вработените по нивното здравје доколку чувствуваат дразба и чешање на кожата. Ова е дополнително поизразено доколку се работи во услови каде заштитата на работникот не се зема воопшто во предвид односно сопственикот ич кур не го боле за здравјето на неговите работници. Се додека има негова замена – нема негово штедење.

Замислете ситуација: работите во компанија која ја загадува околината во која живеете, го загрозува сериозно вашето здравје и можеби најболното од се, го уништува здравјето на вашите чела. Замислете го уште ова само па отпосле судете: вие земате 300 евра месечен финансиски надоместок и со тоа сте замолчени како бајче пред сите, пред Бога и пред вашите најмили притоа сте принудени да морате да изигравате неискастрен новопечен идиот велејќи дека просторот во кој егзистирате е и отсекогаш бил “под конец”. Нели се ова доволно аргументи за себичен човек, морон на кој му е приоритет да на први од секој месец своите кафански неизживеани и исфрустрирани младејачки денови ги компензира со здравјето на своите најмили?

Кога една животна средина е соочена со еколошка катастрофа и сериозно загадување на воздухот кој го дишат нејзините граѓани, таа средина е исто загадена и за сиромавиот и за богатиот, и за младиот и за стариот, и за глумецот и за писателот, за здравиот и за болниот, за паметниот и за просечниот, за добро облечениот и за распарталениот…Во ова набројување само би додал уште една компарација(за македонски услови нормално), дека воздухот е загаден за сите без разлика на верската, сексуалната и партиската припадност. ЧУМАТА ЌЕ НЕ ИЗЕДЕ СИТЕ ДО ЕДЕН. ТИ СИ ПРВИОТ!!!

До следната прилика…

Leave a Reply

Your email address will not be published.