Google микрочипови директно во вашиот мозок?

Google својата иднина ја уложува во нова услуга која ќе користи информации за регистрираните корисници за да автоматски предвиди какви пребарувачки потреби од податоци би имале и би им покажала она што им е потребно. Крајната амбиција е буквално да влезат во главата на корисниците и да им испраќаат резултати директно со помош на микрочиповите вградени во мозокот.

Бен Гомез, потпретседател на Google секторот за пребарување, изјавил дека оваа визија е далеку од злонамерните научнофантастични предвидувања, и дека веќе почнале да користат слични чипови за да им помогнат на луѓето со посебни потреби да управуваат со своите колички.

“Тие примаат само неколку чувства во насока во која количката би требала да се движи, но од тоа до примање на вистински зборови патот е долг. Ќе мораме ова да го направиме баш во мозокот, за да овозможиме што подобра интеракција. Нестрпливи сме тоа да го оствариме, но се уште е потребно да се развијат делови од технологијата.”

На патот до оваа амбиција стојат основните граѓански права, со оглед дека веќе се појавуваат тврдења дека Google се споил со американските власти за да им ги “отвори вратите” кон информациите кои ги имаат стотина милиони нивни корисници и да им овозможи да ги пратат нивните секојдневни активности.

Компанијата наводно им дозволила на аналитичарите од Националната агенција за безбедност да ги проверат приватните информации за корисниците. Во таканаречениот PRISM програм, Google и низа други компании од Силиконската долина наводно направиле таен договор со американските разузнавачи – на агентите да им дозволат пристап кон приватните податоци на корисниците без судски налог.

И покрај постојаното негирање на Google, оптужбите содржани во документите кои ги објави Едвард Сноуден предизвикаа криза во довербата на компанијата, а корисниците браат нови начини да се движат по интернет, а да не бидат следени.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.