Големо откритие: технологија која на слепите им го враќа видот

Австралиските научници се спремаат за лансирање на технологијата со чија помош слепите ќе можат да прогледаат.

Истражувачите од Универзитетот Монаш во мелбурн ги развиле првите безжични бионски очи кои во голем дел ќе го вратат видот на голем број слепи луѓе.

Оваа технологија ја развил тим од 60 експерти од споменатиот универзитет. Чипот преку електрода го стимулира визуелниот контекс, а мозокот ги обработува податоците и ги претвора во слика. Оваа технологија ќе им овозможи на слепите да ги гледаат предметите како низи од точки или бои. Со помош на програма за идентификација на лица, корисникот ќе може да ги препознава луѓето. Предвидено е исто така, дека и многу други корисни софтвери можат да бидат компитабилни со овој систем, како на пример програмата за препознавање и користење на скалилата.

Се очекува истражувачкиот тим да излезе со прототип во првата половина на 2014 година и да го тестира на слепа личност. Доколку тестовите бидат успешни, технологијата веќе во наредните 10 години би можела да се најде во широка примена.

Директорот на проектот проф. Артур Лоури изјавил дека технологијата е значаен продор во однос на претходните иновации од ваков тип. “Тоа е досега најнапредниот систем бидејќи овозможува луѓето да ги препознаваат предметите и боите. Луѓето ќе можат да одат во природа бидејќи ќе бидат во состојба да ги видат дрвјата” вели тој истакнувајќи дека технологијата која неговиот тим ја развил е слична на најсовршениот радар и дека е во целост прилагодена за слепите.

Експертите предвидуваат дека со помош на овој уред може да прогледаат околу 85% од целосно слепите лица. Постојните технологии, засновани на инпланти во мрежницата, овозможуваат повраток на видот само за мал број луѓе. Со оглед дека најголем дел од овие лица имаат оштетување на очите, тие не можат да ги користат имплантите од таков тип. Бионичките очи, меѓутоа, можат да им помогнат на слепите лица без оглед на тоа дали причина за нивното слепило е глауком, дегенерација на макулите, дијабетичка ретинопатија, оштетување на нервите или друга болест. Биолошкиот неутрален имплант се вградува неуролошки низ мал отвор на черепот.

Проектот е вреден 15 милиони долари

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.