(Видео и Фото): Годишнина од смртта на Дражен Петровиќ

Дражен Петровиќ е роден на 22 октомври 1964 година во Шибеник во семејството на Јован и Бисерка Петровиќ. Неговиот постар брат инаку прво дете во семејството Петровиќ, Александар, е првиот кој зачекори по патот на кошаркарската игра, а додека Дражен го прати својот постар брат. Дражен на 13 годишна возраст ќе започне да игра во младите селекции на кошаркарскиот клуб Шибеник, за да по две години заигра за првиот тим на овој локален клуб.

На чело со Дражен, Шибеник двапати ќе стигне до големото финале на Купот Радивој Корач 1982 и 1983 година и двапати ќе биде поразен од страна на Лимож.
Дражен Петровиќ играше за Југословенската репрезентација на Балканското првенство каде освои бронза и злато со јуниорскиот состав и сребро со првиот тим, како и сребро од Европското првенство за јуниори во Грција.


Деновите поминати во Цибона

По завршувањето и отслужувањето на воената обврска , Дражен се решава да ги следи стапките на својот постар брат Александар и се преселува да игра за КК Цибона. Дражен со Цибона првата година го освои првенството и купот на Југославија и титулата победник на Купот на Европски Шампиони против екипата на Реал Мадрид со резултат 87:78 на кој натпревар Дражен уфрлува 39 поени.

Втората титула ја освојува веќе наредната година на кој натпревар Дражен постигнува 22 поени против екипата на Жалгирис. Истата таа натпреварувачка сезона е освоен и домашниот куп, а Дражен постигнува 46 поени против стариот ривал Босна. Дражен својата трета европска титула ја освојува во 1987 година против екипата на Скаволини, на која тој уфрлува 28 поени.

 

Со Репрезентацијата на Југославија освоил бронза на Олимписките игри во 1984 во Лос Ангелес. Трето место освоил на Светското првенство во 1986 година против СССР. Од Европското првенство во 1987 година во Грција Дражен се вратил со бронза.

На Олимписките игри 1988 година во Сеул освоил сребро каде што Југославија е повторно поразена од СССР.

Процентот на постигнати поени по натпревар на за четири години поминати во Цибона е 37,7 поени по натпревар во шампионатот на Југославија и 33,8 поени по натпревар во европските натпреварувања, и личен рекорд од 112 поени постигнати на еден натпревар против Олимпија.
Така, Дражен ја добива првата понуда од Портланд Блејзерс во 1986 година, но тој ја одбива и се одлучува да потпише договор со екипата на Реал Мадрид.


Деновите поминати во Реал Мадрид

Во сезоната 1988-1989 година Дражен го носеше дресот на “кралевите“, каде што му овозможи на Реал да се натпреварува во финалето од Плеј Офот во домашното првенство каде не успеаа да ја совладаат екипата на Барселона, но им овозможи на “кралевите“ да гледаат како тој ги полни мрежичките на противничките кошаркари, до ден денес никој не може да го собори рекордот од 42 поени по натпревар во шпанското кошаркарско натпреварување.

 

Дражен за екипата на Портланд потпиша договор во 1989-1990 година.


Деновите поминати во Портланд

Со самото преминување во Портланд, Дражен најмногу стравувал од тоа да не му дадат простор за игра, и тоа и се случило. Тој добивал само по 12 минути по натпревар на кој постигнувал по 7,4 поени. Неговото незадоволство растело за на крај да се одлучи да го напушти Портланд и да потпише нов договор со екипата на Њу Џерси Нетс.
Во така тешка сезона за Дражен, тој со репрезентацијата на Југославија во 1990 година во Буенос Аирес го освои Светското првенство против екипата на СССР.

 

На 23 јануари далечната 1991 година стана член на екипата на Њу Џерси Нетс

Дражен во новиот тим првата сезона се снаоѓа многу добро, како за почеток му е покачена минутажата на 20,5 минути, по што тој почнува да постигнува по 12,6 натпревари по натпревар. Со тоа што му ја покачиле минутажата Дражен почнува да постигнува и по 20,6 поени по натпревар каде што веќе прераснува и во носител на играта на Нетси.

 

Во 1992 година на Олимписките игри во Барселона веќе не настапува под знамето на Југославија, туку како играч на Хрватска. На овие Олимписки игри Дражен ја носи репрезентацијата на Хрватска до финалето каде беа поразени од тимот од соништата на САД.

 

За крај на оваа сторија ви овозможуваме да го погледнете Документарниот филм со Владе Дивац, да видите како национализмот може да ги влоши односите помеѓу двајца најдобри другари, кои некогаш играле под едно знаме и пееле една химна, но со распадот на Југославија како се влошуваат тие другарски односи.

Документарниот филм “once brothers, old brothers“ со превод.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.