Семејното насилство зема замав, годинава регистрирани околу 700 случаи

Изразено во проценти, 72,9 % од женската популација биле изложени на насилство, 13,9 % мажи и 13,1 % деца. Во случаите на семејно насилство евидентирани се две убиства и две киднапирања.

Бројот на случаи на семејно насилство според податоците на Министерството за труд и социјална политика е зголемен за 10,3 проценти споредбено со истиот период минатата година.

Досегашните истражувања покажуваат дека жените во огромен процент се побројни жртви на физичко насилство споредбено со мажите, како и фактот дека мажите се јавуваат доминантно или целосно како извршители на психилошко, физичко или сексуално насилство.

Најчести сторители на кривични дела, во 93 проценти од случаите се јавуваат лица од машки пол и тоа најчесто сопрузи и синови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.