„Го сакам ГТЦ“ продолжува

Иницијативата планира голем протестен настан на 28.12.2014, а на новогодишното дружење ќе му претходат средби на волонтери и информативен штанд на плоштадот покрај ГТЦ.

Првата поголема средба на волонтери ќе биде на 5.12.2014 (петок) во Мобилната Галерија во Паркот на Франкофонијата од 18:00.

Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат ГТЦ да остане градски и кои може да помогнат на било каков начин во иницијативата, да присуствуваат на средбата во петок.

Серијата настани во склоп на иницијативата „Го сакам ГТЦ” започна во јуни 2013-та година како реакција на проектот за нова фасада и доградба на Градскиот трговски центар со кој целосно би се уништила препознатливата архитектура на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица” низ централното градско јадро.

Поттикнати од најавите за започнување на затворањето и преобликувањето на ГТЦ во февруари 2015-та година, иницијативата Го сакам ГТЦ продолжува низ различни форми на креативно изразување, јавно говорење и институционални реакции да го искажува својот став за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар.

Вам Ве покануваме да ја проследите прес – конференцијата за повеќе информации.

Со почит,
Иницијатива „Го сакам ГТЦ”

Контакт:
E-mail: gosakamGTC@gmail.com
Blog: http://gosakamgtc.blogspot.com/
Facebook: https://www.facebook.com/GoSakamGTC
Телефон: 076 446 759

Leave a Reply

Your email address will not be published.