Гладни и гневни жртви наспроти националистичките елити

Како и другите креации настанати на тлото на бивша СФРЈ, БиХ ниту е замислена како општество, нити траела како такво, како заедница на граѓани во која се одвиваат економска, политичка, културна и индивидуална интеракција.

БиХ, како и нејзините соседи, не е општество, туку само нација, поточно коалиција на три нации или, сосема прецизно, таа е само кршлив договор кој на националистичките елити им е наметнат во Дајтон, договор кој постојано го саботирале бидејќи со конструктивна соработка би ги загрозиле сопствените интереси. Има во тоа и некои перверзни доследности бидејќи нациите по дефиниција се фикции кои настануваат и опстојуваат за да во својата суверена осаменост негуваат непријателство према некоја друга, еднакво суверена и осамена фикција. Таа доследност на националистичките елити довела во БиХ (не само таму) до изненадувачки, скоро надреален степен на дисфункционалност и корумпираност. Со други зборови, до смрт на општеството.

Како и своите соседи, БиХ не е држава, бидејќи креација втемелена на националниот принцип – било да е еднонационален или повеќенационален, сеедно – наместо на суверениот граѓанин и на универзалните вредности на човековите права и граѓанските слободи, не може ни да биде држава. Таа е само Матрикс манипулација која уште во почетокот на деведесетите години не прави ништо освен купување време бидејќи е морално и материјално неспособна – и без волја – да воспостави демократија и владеење на правото и да го ослободи стопанството од своите трошоци. На сите можни начини, ширење омраза, војна, лаги и трупање долгови тој Матрикс го одложува моментот на соочување со сопствената морална и материјална неодржливост. Го заробила ошштеството во паралелна стварност на национални фикции каде да се биде Бошњак, Хрват или Србин е многу поважно отколку да се биде човек и граѓанин со својот индивидуален идентитет, а границите и сувереноста на државата, ентитетите и кантоните станале побитни од самиот живот. Конечниот резултат на тој потфат – а друг и не бил можен – е економска, политичка и културна имплозија. 

Политичките институции во БиХ се на република Српска, чија единствена цел е докажување дека етничката држава е единствена можна држава и за бошњачките и хрватските канотони обединети во федерација, со цел бошњачките и хрватските националисти да можат да кукаат над својата обесправеност, каде обесправеноста, и тоа како, се доживува како отсуство на ‘правото’ на понижување на Другиот. Номиналната демократија во БиХ служи само за одржување на етничките три – делби и во таа легализирана националистичка апокалипса економскиот крах и корупцијата се само колатерални, дури не и налоши последици. 

Моделот на даночен грабеж, негацијата на граѓанската демократија, симулирање на капитализмот и дивинизацијата на етносот е потрошен. Веќе предолго и молчеливо се спротивставуваше на животот. Исцрпен е со провизорните лаги на кои опстојувал и почнаа да се губат моралните и материјалните вредности кои би можел да ги разниша. Националистичките елити останале сами на пустиот крстопат, сами со своите гладни и гневни жртви.

Се наметнува прашањето само по себе: може ли тој гнев да се артикулира во конструктивни демократски и граѓански програми, во политичка сила која ќе ги разбуди граѓаните од етничката хипноза? (Тоа сигурно би ги згрозило политичките елити на босанско – херцеговските соседи кои своето посотење исто така го должат на етничката хипноза, иако нејзините последици се видливи во БиХ, бидејќи таму се доведени до пароксизам). Меѓутоа, постои една опасна препрека на таквиот, оптимален исход. 

Националистите го убиле оптеството, меѓу останатото и затоа за да ја оневозможат артикулацијата на граѓанската демократија, како во процедурална така и во содржинска смисла, за да своите жртви и противници ги примораат на насилство како единствена можност, единствен преостанат исказ, за да ги присилат да проговорат на нивниот јазик. Да ги присилат на хулиганство.

Перфидијата и одвратноста на фашизмот – а сите источноевропски и јужнословенски национализми, да не се лажеме, се само верзија на фашизмот (за нив демократијата е само опортуна реторика) – се крие и во неговата способност да предизвика слеп гнев и при негово одбивање да се тргне од сцената без никаков спектакл. Фашизмот не е само насилен. Тој предизвикува насилство. Во таа замка паднаа Черчил кога одобрил разорување на Дресден, Труман во Хирошима и нагасаки, Јосип Броз Тито во Блеибург и италијанските партизано кога го стрелаа Мусолини без судење. Кон таа замка се приближуваат босанско – херцеговските протести кога уништуваат имоти. Само ако националистите победат со демократија и ненасилство и ако им се даде прилика од себе да направат жртва (а националистите во тоа се експерти), нивниот бунт може да разбуди надеж. Не само во БиХ.
 

 

Автор: Вук Перишиќ

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.