Гинисови Божиќни рекорди

Најголемата колекција на сувенири поврзани со Дедо Мраз

Канаѓанецот Жан Ги Лакир има дури 25.104 предмети поврзани со Дедо Мраз, а рекордот кој скоро никој не може да го собори, му донел место во Гинисовата книга на рекорди во ноември 2010 година. Предметите ги собирал од 1988 година, а во неговата колекција се наоѓаат 2.360 фигури, 2.846 честитки и разгледници од 33 земји, 1.312 салвети и 241 значки.

Најскапата елка

Иако многу тврдат дека елката накитена во Абу Даби во 2010 година (11 милиони долари) е најскапа, тоа не е точно. Пет милиони долари поскапа е онаа која во 2002 година била поставена во еден токиски клуб, била закитена со накит вреден 16 милиони долари.

Најголемата пловечка елка

Осумдесет и пет метри висока елка запловила од Рио де Женеиро во 2007 година. Станува збор за дрво кое било пуштено на традиционалната манифестација која секоја година се одржува во лагуната Лагоа Родриго де Фреитас.

Најпродаваната божиќна песна

Секој прво би помислил на “Аll I Want for Christmas” или “Last Christmas” но најпродаваниот сингл го имал Бинг Кросби и “White Christmas” кој во 1942 година бил продаден во повеќе од 100 милиони копии. Исто така ова е и најпродаваниот сингл воопшто.

Филм со најдобра божиќна премиера

Иако тематски воопшто нема врска со празниците, најдобрата божична премиера ја имал “Sherlock Holmes” која се одржала во петокот на 29 декември 2009 година, а филмот заработил 24,9 милиони долари.

Најстарата божиќна елка

Секоја година околу божиќ, Џенет Паркер од Вилтшир – Англија, поставува елка која во 1866 година ја купила нејзината пра – тетка. Висока е само 30 сантиметри, а украсена е со фигури на анѓели и Богородица.

Највисокиот божиќен чорап

Чорап од триесет и два метра долг и 15 метра широк во 2007 година бил наполнет со поклони од страна на здружението Children’s Society.

Божиќен филм со најголема заработувачка

Со буџет од 123 милиони долари “Како Гринч го украде Божиќ” со Џим Кери во главната улога во 2000 година заработил 340 милиони долари.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.