Гимназијата “Добри Даскалов” од Кавадарци го одбележа патрониот празник

На 13-ти ноември во холот на кавадаречката гимназија “Добри Даскалов” свежо цвеќе положија претставници на училиштето и фамилијата на Даскалов по повод одбележувањето на патрониот празник.


Културните настани оваа година беа изоставени затоа што 13-ти беше ден на жалост во Кавадарци. Беше организирано предавање на тема развојот и движењето на образованието во Кавадарци. Предавач беше професорот по историја Мики Камчевски.

За прв пат на денот на патрониот празник училиштето не ја започна ниту лигата на класно првенство. Нејзино свечено отварање е предвидено за следната недела. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.