Германија ни дели лекции, македонските власти пред испит

Германското министерство за надворешни работи смета дека со кривичното гонење на лидерот на опозицијата Зоран Заев е доведено во прашање функционирањето на демократската опозиција.

„Сојузната влада е многу загрижена за кривичното гонење на македонскиот лидер на опозицијата и на уште три други лица поради наводен обид за државен удар. Функционирањето на демократската опозиција со ова е ставена под прашање.
Ги повикуваме македонските служби да ги испитаат овие сериозни обвинувања во фер и транспарента постапка и во согласност со меѓународните стандарди, во кои, се разбира, значајна е пресумпцијата на невиност. Независноста на судството и на органите на прогонот сега ќе бидат од најголема важност “, изјави за ВЕСТ портпарол на германското Сојузно министерство за надворешни работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.