Германците ги одбија Грците: Нема да ви платиме оштета

 

Германскиот министер за економија и вицеканцелар Зигмар Габријел соопштил дека Берлин ќе ги отфрли евентуалните официјални барања на грчката влада за плаќање на воена оштета од Втората Светска војна, истакнувајќи дека тоа прашање е затворено пред 25 години.

“Веројатноста да платиме воена оштета е нула” – рекол Габријел на собирот на социјалдемкратите во околината на Берлин, регирајќи на вчерашната изјава на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека Грција има “морална обврска” да побара од Германја надомест.

Берлин веќе 70 години ги отфрла таквите барања, а Грција наводно би побарала околу 162 милијарди евра, што е повеќе од половина од сегашниот грчки долг.

“Нема смисла да продолжуваме по тој пат” – рекол габријел и додал дека во 1990 година со потписот на двајца германски канцелари со сојузниците формално е ставена точка на Втората светска војна.

Од германскиото министерство за финансии порачале дека немаат ништо ново да изјават на оваа тема.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.