Ген со кој се одредува моментот на смртта

Најновото истражување објавено во списанието „Аналс оф Неуролоџи“ откри гени, кои можат да го предвидат веројатното време на смртта кај некои луѓе.
Научниците состојбите на будност и спиење ги испитувале со помош на електронска ракавица. Освен тоа сите испитаници се согласиле да им го донираат својот мозок на научниците по смртта.
Истражувањето добило нов фокус, откако неговиот автор Ендрју Лим, открил дека сите учесниците биле подложени на анализа на ДНК и идентификација на генотиповите.
Научниците откриле нуклеотида покрај генот „Период 1“, која се разликувала кај две , кои имале различни шеми на спиење. Лицата кои на таа нуклеотида имале АА генотип се буделе околу еден час пред лицата со ГГ генотип, а лицата со АГ генотип се буделе некаде на средина.
Научниците откриле дека варијацијата на таа нуклеотида значително влијае на природниот циркадиски ритам, внатрешниот часовник на организмот.
Циркадискиот ритам ги одредува повеќето активности во нашето тело, од будење, спиење, варење и останатите физиолошки процеси. Постои дури и циркадиски ритам на смртта. Веќе подолго време е познато дека во просек повеќе луѓе умираат околу 11 часот.
Истражувањето покажа дека оние имале АА или АГ генотип умираат кусо пред 11 часот, како и повеќето од популацијата, но оние со генотип ГГ умирале пред шест часот наутро.
– Дефинитивно постои ген, кој предвидува кога ќе умрете. За среќа тоа не е датум, туку време во текот на денот, изјави неврологот Клифорд Сапер.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.