Гдомови, или за инверзијата уста-дупе…

Македонецот е своевиден општесвен феномен. Тој ретко кога се појавува во својство на индивидуа, најчесто е персона која постојано ги менува своите маски, а сепак знае до неверојатен степен сопствената субјективна егзистенција, да ја претвори во „атентатор“ на општественото.

Атентатор на општественото значи атентатор на демократското. Во Македонија значењето на аристократската злоупотреба е комплетно испревртена. Денес плебсот, широките маси, необразованата багра се нашиот диктатор, нашиот либертицид. Нивното мото е приклучи се кон стадото, биди комплетно небитен, изчезни пред државата, стани едно со државата, биди безимен шоумен во лудата држава која милува да асистира, да ве прегрне сите. Сосема лудачки, но крајно реално, безимените, неписмените, станаа чинители, испливаа на површината, завладеаја со копното, се качија на пиедесталот.

И на што се сведе борбата на здравите индивидуи?! На потиснатата, потсвесна желба, дека треба да исчезнеме, да не снема, да не сме дел од овој општо первазивен режим кој го изедначи квалитетот со кванитет. Сакам да ме снема, но под услов да не снема сите нас. Сакам сите да бидеме вистински занемарени од државата режим. Сакам да завладее општа занемареност. Конечно признаена и исповедана. Тогаш со задоволство би рекол дека уживам да бидам дел од стадото.

Во таа испревтеност гледаме како безимените кои режимот ни ги именува, шетаа со своите газови нагоре, а усти надоле. Нивните тела надуени или испразнети од режимските клистери, катетри, насекаде се влечат како испреплетени црева. И дишат, воздухот го зимаат од нивните ануси, а кога зборуваат повраќаат ескременти. Се е испревртено, нивните шупаци како инципит, нивните усти како смрдливи терминали.
Ете, благодарение на ваквите, се испреврти општественото и демократското. Се испревртија правата и слободите, трудот и работата, културата и уметноста. Сето лудило исплива на површината, убијците на општеството станаа градители, неимари, а јас сум во домашен притвор, јас сега сум антисоцијалниот елемент, криминалецот кој сака да сруши една превртена реалност.

Leave a Reply

Your email address will not be published.