(ВИДЕО) „Галена“ нова песна на Бени и Златко Ориѓански

Песната се вика „Галена“, музиката и стиховите се дела на Златко Ориѓански. Бени ја отпеа, а Мите Димовски сето тоа го сними во своето студио „Тра ла ла“.

Овој пат е интересно што како инстрменталист во песната се најде и една девојка и тоа Мелани Мицковска која ја разубави песната со својата изведба со метлички. Покрај Мелани на песната свиреа и Мите Димовски, Душко Божиновски и Лазар Сандев.
Еве го текстот, а чујте ја и песната:

ГАЛЕНА

Добро утро Госпоѓо
да Бог да се најдобро
Дал ноќва мирно спиевте
ил мене блесав мислевте
дал ноќва мирно спиевте
ил мене блесав колневте

Таму кај вас високо
со коњак
златна лажица
на свилена перница
душата ми остана
на свилена перница
душата ми загина

Гала моја Гала Галена
Гала Ти си живот мој
Ти си среќа ретко што ми доаѓа
купи деној живот проаѓа
Гала моја Гала Галена
Дојде Нова Година
Кај нас овде снегој горе до небо
Бегај дома
бегај дома слави со него

Добро утро Госпоѓо
Да Бог да се најдобро
Дај земи земи убаво
од мене најубаво
Дај земи земи убаво
од мене најубаво

Гала моја Гала Галена…

Златко Ориѓански 2014 /15

Leave a Reply

Your email address will not be published.