Гафови

Интересот на ПАРТИЈАТА ќе биде разбирлив само ако произведува сила на слободни граѓани како центар и важен судија која ќе спречи ТАА да стане небитна во нејзината мисија за која постои и ќе го спаси нејзиниот опстанок и релевантност. Јавноста може да биде лош ортак во градење на нејзината модерност, ако целта е оставање впечаток врз грбот на вредностите во и околу неа. Таквиот легитимитет скоро и да нема значење, а преку жртвите која таа ги бара на тој пат дополнително ќе збунува дефинирајќи ја неа како пишманаџија организација која се нарекува политичка, а се откажала од најважните политички цели, можеби.
Можно е да не биде разбрана од нејзин важен дел колку и да биде помал од оној за кој се изборила. Ако ТАА биде пред се, разбирливо е дека сака да проектира таква држава каде граѓанинот треба да биде аргат за неа, дека тие се нужни заради неа, а не таа заради нив. Партиската историја не се брани со срамежливост и криење од политички капиталци кои и донеле релевантна државност. Проценките дека интересот на ПАРТИЈАТА го дозволува тоа, ќе ја соголат таквата измама подоцна ако тоа успее. Можеби нема да се случи ништо, доколку ТАА решила дека таквиот интерес ја натерал да продолжи по патот на маргинализацијата на се пред тоа како истрошеност. Тој интерес ПАРТИЈАТА ќе ја однесе во заборав што и не би било која знае колку страшно, ако не се закопаат со неа и целите со кои почнала, достигнала за НЕА, но и за државата и граѓаните.
Дојде ред да ме потресе повеќе разводот на симпатичната Гвинет со Крис, отколку рециталот на Ѓорѓе за нашата големина, вредност, вековна сплотеност, сожителство , за нас како луѓе, како збир. Тоа го доживувам како лоша дволичност, ако воопшто може да има добра, зошто не сакаме да се спротивставиме на нашата лага, кога покажуваме срамежливост и срамотност во борбата околу изборот помеѓу стремежите и реализацијата. Тоа не само што го релативизира, туку го преиспитува нашето ЦЕЛО, броејќи векови, векови и векови. Би било во ред ако Ѓорѓе сака да биде сфатен како што мислел, но знае дека тоа е невозможно зошто го прави така да биде по вкусот на оние кои сакаат и го толкуваат поинаку. Да се следи во тоа претседател на држава е несигурност и голема непознаница, кој (не)сакајќи помага во тоа. Отсуството на остра спротивставеност не остава сите заедно и поединечно незаштитени и осамени со држава која може да остане зад нас.

 

П.С.
Ѓорѓе направил гаф па го шаре-ваат преку видео лапсус. За мене тоа не е никаков предизвик да го отворам и до станицата Ширак стигнам гледајќи ги попатните Јанко и неговиот гостин со врска.
Ѓорѓе е гаф 5 години!
 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.