„ФРИДОМ ХАУС“ со лоша оценка за Македонија

Со оценката 3,93, Македонија се најде на границата меѓу групата земји со полуконсолидирани демократии и оние со транзициски влади и хибридни режими. Пониската оценка во групата на земји во транзиција се должи на состојбите со правната рамка и независност. Притоа се наведуваат и примери, нарушување на иострагата за познато убиство и политички притисок од страна на министерот за здравство врз судовите. Предвид се земени изборниот процес, граѓанското општество, независните медиуми, националното демократско управување, демократско владеење на локално ниво,судскиот систем и неговата независнот и борбата со корупција.

Како лидери во регионот се наведени Хрватска и Србија кои, како и Македонија, се во групата на полуконсолидирани демократии каде уште се Бугарија, Романија и Црна Гора. Албанија и Босна и Херцеговина, а Косово е во групата на полуконсолидирани авторитарни режими.

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.