Франција е новиот европски шампион во кошарка

 „Триколорите“ го играа своето трето финале и конечно освоија златен медал на едно големо натпреварување.

Литванците само во првата четвртина беа рамноправен ривал, но потоа Французите постигнаа 31 поен за вкупно 50 на крајот од првото поувреме што беше само најава за победата во финалниот натпревар. Најдобри стрелци кај Франција беа Никола Батум 17 поени, Борис Диао 15, Тони Паркер 12, додека Алексис Ажанса имаше 10 скокови. Кај Литванија Линас Клеиза реализираше 20 поени, Мантас Калниетис 19. Потфрли „клупата“ на Литванија која постигна само 3 поени. Признанието МВП (најкорисен играч на шампионатот) му припадна на Тони Паркер, а во најдобрата петорка покрај Паркер се уште: Горан Драгиќ од Словенија, Бојан Богдановиќ Хрватска, Линас Клеиза Литванија и Марк Гасол од Шпанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.