ФОТО Реката “Луда Мара” потсетува на нејзините (не)славни денови

luda mara8

Вчерашните обилни дождови кои надојдија од повисоките места значително го зголемија водостојот на реката Луда Мара во општина Кавадарци. Реката се излеа од своето корито кај селата Марена и Сопот и направи материјална штета.

Градоначалниокот Александар Панов нагласи дека дефектите ќе се санираат уште во текот на денот, а останатите штети врз инфраструктурата исто така најбрзо што може.

Кавадарчани паметат денови кога од поројните дождови Луда Мара знаела да завлече стока, големи откорнати дрвја, па дури и автомобили. Се надеваат дека такви времиња повеќе нема да има откако е реконструиран кејот по течението на реката која го дели Кавадарци на два дела.

luda mara1

Луда Мара има многу низок водостој во текот на летните месеци. На пролет и на есен, или при обилни врнежи брзо надоѓа и за краток временски период, како „луда”, може да поплави голема површина. Кавадарци честопати во минатото бил поплавуван од реката, која извира висорамнината Витачево.

luda mara2

luda mara4

Leave a Reply

Your email address will not be published.