ФОКУС: Од што умираат работничките во “Дрекслмаер”?

Смртни случаеви на жени починати на работното место се случувале секогаш и насекаде. Но, во Македонија за разлика од другите земји проблемот настанува кога случајот се прикрива од страна на менаџментот на фабриката и од надлежнте институции со цел да не излезе во јавноста и да не се наруши имиџот на фабриката. или пак да не влијае врз производствениот процес. Колку ќар има Република Македонија и какви поволности добива секоја странска компанија што ќе инвестира во оваа држава?

ОФИЦИЈАЛНО ДВЕ ЖЕНИ ПОЧИНАА ВО “ДРЕКСЛМАЕР”, А НЕОФИЦИЈАЛНО…?

drek1“ДРЕКСЛМАЕР” како инвестиција вреди околу 30 милиони евра и таму се вработени преку 4.000 лица од Кавадарци, Градско, Росоман, Неготино, Демир Капија, Велес и околните места. Еден од двајцата менаџери на оваа фабрика е и Ѓорѓи Тренковски, поранешен директор на Фондот за Здравство кој во 2009 година беше притворен и товарен да одговара за финансиски малверзации тешки 450 илјади евра со двојно плаќање на лекови. Тренковски во неколку наврати беше осудуван па ослободуван, власта си играше топло-ладно со македонското судство. Случајот со Тренковски се најде и во тајните документи кои ги објави “Викиликс” а се однесуваа на Македонија. Во дописите кои според Викиликс Американската амбасада ги праќала во централата во Вашингтон пишува дека случајот со Ѓорѓи Тренковски е класичен пример за политички притисок врз судството.

Рефлексијата е неизбежна, оттука и славата на оваа компанија не траеше многу долго од нејзиното стартување. Во јавноста веднаш протекоа информациите за лошиот третман на вработените во фабриката кои работат по три смени, со исцрпувачко темно на работа, притисок, неисплатени празнични дневници и прекувремени часови и минимална плата од 8000 до 10000 денари. Вработени својот револт го манифестираа преку генерален штрајк пред портите на Дрекслмаер. Дел од нив утредента беа отпуштени од работа.

И ОД СТРАШНОТО ИМАЛО ПОСТРАШНО!!!

Во последните неколку месеци во “Дрекслмаер” починале две жени, а дел од вработените таму тврдат дека нивниот број е поголем и дека официјалните броки се кријат. Жените во фабриката се распоредени по неколку на работни маси означени со бројки. Изворите на “ФОКУС” тврдат на две маси претходната недела се онесвестиле неколку жени но уште пострашно според нив во целата приказна е тоа што вработените молчат за да не останат без работа а информациите ги споделуваат само меѓусебе.

Од невладината “Ленка” велат дека имале информација од вработени во “Дрекслмаер” дека каблите се премачкани со јак отров за глувци за да ги заштитат каблите од гризење. Отровот шири силна неподнослива миризба и задушливост во просториите поради што вработените многу често и колабрираат.

Многу поплаки на адреса на “Дрекслмаер” пристигнаа и до “МОЈОТ ГРАД” каде вработени во оваа компанија се жалат на неклиматизираните простории-хали во кои во овие летни горештини едноставно е неподнослив престојот внатре а камоли да се вршат било какви активности. Велат дека клима уредите им ги исклучуваат за да заштедела компанијата пари.

Кавадаречката јавност а и многумина од вработените во “Дрекслмаер” го осудуваат и лицемерниот хепенинг од пред неколку дена кој го организираше компанијата во нејзиниот круг кога им делеше бесплатно сендвичи и сок на вработените и нивните семејства, им огранизираше обиколка низ фабриката на местата каде немаше кабли премачкани со отров за глувци а и им ја овозможи приликата на дел од вработените да се извозат со најновиот модел од класата на “Мерцедес” и притоа се фотографираат и пофалат на своите фејсбук пријатели.

Leave a Reply

Your email address will not be published.