Физичката неактивност, причина за смрт кај Европјаните

 

Во истражувањето кое траело 12 години учествувале околу 300.000 испитаници од двата пола, а истражувачите за потребите на студијата го проценувале нивото на вежбање и обемот на струкот и го забележувале секој смртен случај.

“Најголем ризик од прерана смрт забележана е кај оние кои се физички неактивни и тоа подеднакво важи за лицата со нормална тежина, оние со вишок килограми и дебелите лица” изјавил еден од истражувачите професор Улф Екелунд.

Според изјавата на истражувачите од Кембриџ 676.000 смртни случаи годишно се баш како последица од неактивност, во споредба со 337.000 случаи поврзани со прекумерната телесна тежина.

Истражувањето нагласува дека слабите лица можат да имаат поголем ризик од здравствени проблеми поради неактивноста, додека подоебелите кои вежбаат се со подобра здравствена состојба.

Исто така, се напоменува и дека физичката активност, односно вежбањето подеднакв е битно за сите, без оглед на телесната тежина и дека 20 минути брзо одење дневно е доволно да би се подобрила општата здравствена состојба.

Експертите укажуваат дека болестите предизвикани како последица на неактивност и дебелина се главно исти, вклучувајќи ги кардиоваскуларните болести, со исклучок на дијабетисот тип 2 кои почесто се јавува како последица на прекумерна тежина.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.