Филмот “Деца на сонцето“ ќе се прикажува во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци
Од понеделник, 17 ноември 2014, најновиот филм на режисерот Антонио Митриќески, “Деца на сонцето“ ќе се прикажува во салата на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Претставите почнуваат од 20 часот, а билетите се 70 денари.
“Деца на сонцето“ на репертоарот е до петок 21 ноември и неговото прикажување во овој период е во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2014“, во чии рамки пак во среда, на 19 ноември, во Галеријата при Домот на културата ќе се одржи промоција на новата книга – збирка есеи на Петар Наневски, додека во четврток, на 20 ноември, исто така во Галеријата при Домот на културата ќе биде отворена изложба на фотографии од млади автори од Кавадарци.