Фестивал на филмови за човекови права

Фестивалот за првпат се организирал пред две децении, преку серија филмови прикажани во мал театар во Њу Јорк, но од тогаш ‘пораснал’ и сега може да смести 100.000 гледачи во 20 градови низ светот. Организаторите на фестивалот прегледале повеќе од 500 филмови и видеа за креирање на финалната програма. Оваа година, на фестивалот ќе се прикажат 20 документарци и два филмови од жанрот фантастика, вклучувајќи 16 направени од жени.

Официјалнот датум за премиерно прикажување на филмовите на овој фестивал е 12 јуни, но еве 10 филмови кои вреди да се погледаат пред премиерите. 

1. Sepideh – Reaching for the Stars 

(Данска/Иран/ германија/Норвешка/Шведска) Сторијата е за тинејџерка по име Сепиде, која живее во рурално село надвор од техеран, чиј сон е да стане познат астроном. Документарецот ја опфаќа улогата на половите во Иран преку приказот на амбицијата на една млада жена како и нејзината истрајност и покрај обесхрабрувањето од страна на семејството, универзитетските замки и очекувањата на општеството. Документарецот е во режија на Берит Мадсен. 

2. Dangerous Acts Starring the Unstable Elements of Belarus

(САД/Велика Британија/Белорусија) Направен од недозволени снимки и нецензурирани интервјуа, овој документарец на публиката и дава увид во Белоруското десидентно движење кое делува преку сценски перформанси и јавен активизам. Режија на Меделеин Сацклер.

3. Lady Valor: The Kristian Beck Story 

Ветеранка ја споделува својата приказна движејќи се од еден идентитет, поранешен маринец во Американската морнарица Крис Бек, кон друг, транссексуалка по име Кристин Бек. Режиран од Сандрин Орабона и Марк Херзог. 

4. A Quiet Inquisition 

Во овој документарец ќе ја запознаете Др. Карла Керато, која мора да работи во опасните територии на политиката против абортус во Никарагва, која забранува абортус дури и во случаи на силување, инцест, или кога животот на жената е загрозен. Режија Алесандра Зека и Холен Сабрина Кан. 

5. Scheherezade’s Diary (Либија)

Овој ‘трагикомичен’ документарец ги зледи женските затвореиници во Либија кои се дел од терапискиот проект во кој формираат театар/драма со наслов “Шехерезада во Баабда”, откривајќи лични приказни поврзани со домашно насилство, пропаднати врски и трауми поврзани со мајчинството. Режија Зеинда Декаше. 

6. Siddharth (Канада/Индија)

Патувањето на еден татко во очајнички обиди да го пронајде својот син, 12 годишно момче испратено на работа во друга провинција за да може да го издржува своето семејство, кое не се вратило па тие стравуваат дека е киднапиран или продаден. Режија Ричи Мехта. 

7. The Suprime Price (САД)

Филмот ја покрива еволуцијата на Про – демократското движење во Нигерија и трудот да се зголеми учеството на жените во раководните улоги. Режија Јоана Липер. 

8. Private Violence (САД)

Преиспитувајќи го прифатениот дискурс на домашното насилство, документарецот ја запознава публиката со две жени кои се залагаат за правда додека го истражуваат ‘фактот дека најопасното место за жената е нејзиниот дом’. Режија Синтија Хил.

9. The Beekeeper (Швајцарија)

Ова е приказна за Ибрахим Гезер, Курдски пчелар од југоисточните делови на Турција, кој, ограбен од своеите семејни сопствености и 500-те колонии пчели кои ги поседувал, се сели во Швајцарија да започне нов живот. Режија Мано Кали.

10. Abounaddara Collective Shorts from Syria (Сирија)

Abounddara Collective е група реѓисери кои се обединиле во 2010 година со цел да помогнат да се изгради алтернативна слика за Сириското општество, онаа која не може да се види во меинстрим медиумите. На фестивалот ќе се прикажат неколку нивни кратки филмови во траење од 90 минути.
 

 

Извор: huffingtonpost.com

Превод: Попова

Leave a Reply

Your email address will not be published.