Сексуални фобии и феномени

Сексорексија
Тоа е поим составен од секс и анорексија. Се однесува на луѓе кои се одрекуваат од сексот од страв да не бидат повредени. Се случува поради несигурност за своето тело и изглед или затоа што имаат хроничен страв од интимност бидејќи се чувствуваат дека премногу ризикуваат емотивно. Најчесто се јавува кај жени од 18 до 30 години и главен симптом е опседнатоста со својата дебелина.

Социосексуалност
Се работи за барометар за тоа колку личноста е отворена за нови сексуални контакти. Полесното стапување во секс не значи и промискуитет, туку способност личноста да ги раздвои сексуалната привлечност и емотивноста.

Гастросексуалност
Гастросексуалци се мажите кои ги освојуваат жените со своите кулинарски способности, а во суштина се работи за мажи со посилен социјален статус помеѓу 25 и 45 години.

Адреносексуалност
Тоа се личности зависни од адреналин. Во оваа дефиниција спаѓаат 41 процент од населението во Британија. Бројката секојдневно расте, а според некои анализи таа се зголемува за 30 проценти на годишно ниво.

Техносексуалност
Терминот го „патентирала“ модната куќа Келвин Клаин во 2005 година, а се однесува на нарцисоидно феминизирани мажи со посебен фетиш кон нови технолошки пронајдоци.

Гуглсексуалност
Категорија во која може да се пронајде скоро секој корисник на интернет. Станува збор за мажи кои поминуваат часови во пребарување на бесплатни порнографски страници.

Макросексуалност
Се работи за личности кои се возбудуваат практично на сè што се движи. Нив под еднакво може да ги запали поглед на пингвин и Анџелина Џоли.

Сексерсајз
Овој термин ги опишува луѓето кои го практикуваат сексот исклучиво за кондиција и трошење на калории.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.