Фени Индустри доби дозвола за поголемо загадување

Согласно доставеното барање кое било доставено од страна на Фени Индустри  до Министерството за животна средина и просторно планирање, компанијата бара зголемување на учеството на гума како алтернативно гориво од досегашните 15% на 25%. 

Истото барање е одобрено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, и ќе биде објавено на нивната официјална интернет страница, по што следува законскиот рок од 30 дена за доставување жалба на одобреното барање.

 

По ова барање од страна на Фени Индустри, и неговото усвојување од Министерството за животна средина и просторно планирање денес заседаваше Советот на Општина Кавадарци каде е донесен и усвоен заклучок, да се поднесе жалба на донесената одлука. Истата ќе биде доставена до Министерството за животна средина и просторно планирање во законски дадениот рок.

Колку овие доплнителни 10% иситнета гума со своето загадување ќе го влошат здравјето на граѓаните од Општината останува да видиме, ако жалбата од страна на Советот на Општина Кавадарци не се усвои и биде реализирано барњето на Фени Индустри.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.