Фенг Шуи – работи кои не смеете да ги имате дома

Оваа вештина верува дека секој предмет во себе носи некаква енергија, а не сите предмети се полни со позитивна енергија. Погледнете кои предмети треба да ги отстраните од домот и без кои ќе имате хармонија во домот.

Суво цвеќе

Сувото цвеќе, вклучувајќи ги и потпури, е творец на лош фен шуи. Ова е поради фактот што овие суви цветови претставуваат неподвижна енергија. Затоа најдобро би било да се ослободите од сите суви цветови дома и да го опкружите вашиот дом со свежи цветови кои просторот ќе го исполнат со позитивна енергија и ќе ви го подигнат расположението.

Нефункционални апарати

Електронските апарати претставуваат сила и моќ. Скршените, неисправни апарати или електроника во вашиот живот ќе се манифестираат во форма на здравствени проблеми, пропаднати врски или лоши ситуации на работа. Или поправете ги или фрлете ги, но не ги чувајте дома во таква статус кво положба.

Изумрени билки

Растенијата и билките симболизираат раст, но само ако растат самите. Ако собните растенија ви изумираат, ќе ви создадат проблеми. Фрлете ги изумрените билки и ставете нови и здрави. Доколку сте неспособни за нивно одржување тргнете ги сосема и набавете си други декорации.

Стара храна

Фенг шуи ја сфаќа храната како симбол на вашата способност да примате и да давате љубов. Токму затоа фрижидерот со стара и расипана храна може сериозно да ја расипе вашата врска. Чистете го на неделна база и фрлете го се она што не е јадливо.

Фотографии од поранешни момчиња

Дури и ако сте во добри односи со вашето поранешно момче, не е здраво да ги чувате неговите фотографии на видливи места. Фотографиите сами по себе содржат силна енергија и имаат големо влијание на нашата потсвест.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.