Фејсбук: пак измени во пребарувањето

На корисниците на друштвената мрежа ќе им биде овозможено да пребаруваат низ нивните стари статуси, фотографии, локации и коментари.

Доколку сакате да ги проверите вашите стари објави, во полето за пребарување (за тие што ја користат мрежата на англиски јазик) потребно е само да ги внесе зборчињата „posts about“ и предметот на пребарување веднаш после нив.

Пример: Доколку сакате да ги пребарате старите објави во врска со вашиот роденден пишувате posts about my birthday.

Исто така во резултатите од пребарувањата, освен објавите од корисниците, ќе излегуваат и објавите во кои тие се означени.

Оваа новост во врска со пребарувањето моментално е достапна само за одредена група на корисници, но истата ќе биде овозможена за сите со тек на времето. Во меѓувреме доколку имате некои стари објави од кои се срамите и сметате дека се несоодветни, сега е вистинскиот момент да ги отстраните.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.