Фатени крадци на дрва кај Тиквешко Езеро

На дрвокрадците им биле одземени две возила во чии багажници имало по еден кубик дрва за огрев. Случајот со кражба на дрва го потврди Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Крадците на дрва биле фатени во текот на вчерашниот ден, од страна на полициски службеници од полициската станица од Кавадарци, при вршење на контрола за откривање на шумски кражби кај месноста викана Голеш кај Тиквешкото Езеро. Приведени се две лица од кавадаречкото село Возарци. Од нив се одземени два патнички автомобила во кои имало натоварено околу 2 кубни метри дрва за огрев и една моторна пила, информираше Стојковска.

Одземените дрва со потврда се предадени на шумска полиција. Против сторителите ќе следи соодветна пријава. Таа нагласи дека полициските службеници и во иднина ќе вршат контроли со откривање на шумски кражби заради сузбивање на оваа појава.  

Извор 24VESTI

Leave a Reply

Your email address will not be published.