Фатен сторителот на трикратното убиство во Кавадарци

Неофицијални извори потврдуваат дека во акција на полицијата од Кавадарци, осомничениот за убиство Т.С од Кавадарци е фатен во близина на градските гробишта.

Сведоци кои се затекнале во близина на местото потврдуваат дека слушнале и истрели од оружје. Се очекува во текот на денот овие информации да се потврдат од страна на официјалните лица од полициската станица во Кавадарци. 

Повеќе детали во врска со апсењето ќе пренесеме по официјалното соопштение од властите. 

Во убиството кое се случи изминатиот викенд животот го загубија тројца а како причина се наведува несогласувањето и бракоразводната постапка на убиецот Т.С. и неговата сопруга.

Leave a Reply

Your email address will not be published.