Европа: еволуција или еутаназија; пат или крчма крај патот?

Иако Европската Унија е единствената реална среднорочна политичка опција за Република Македонија, сепак ќе треба да се чуваме од претераното идеализирање на Европа. Одредена доза на здрава скептичност – ионака повеќе од полезна кога станува збор за културно-политичките прашања – треба да задржиме на нашиот пат кон Европа. Тоа терапевтско одржување на сомнежите не значи дека го минираме европскиот проект; тоа повеќе значи дека се трудиме конструктивно да придонесеме кон тој проект. Се разбира, големи се омаловажувањата од надвор спрема нас; а и мала е нашата самодоверба. Сеедно, мислам дека придонесот на Македонија за комплексната европска приказна може да биде, па макар само во симболичка смисла, мошне значаен.

Македонија е една од многу ретките (можеби „гранични, краински“, сместена на „лимесот“) европски земји каде што реално се прекршуваат влијанија на Западот и Истокот, или, во потесна смисла, влијанијата на христијанството и исламот (во Бугарија или Србија, на пример, насилно се уништени и најмалите траги од скорешното исламско присуство на тие простори; слично како во Шпанија неколку века претходно). Таа тема за преплетот меѓу Истокот и Западот има извонредна важност за градењето на „неискованата европска свест“ и, меѓу другото, и оттаму произлегува важноста на нашиот македонски културен модел (што веднаш значи и политички модел, во време кога и на глобално ниво сè се претвора во култура, а политиката како да ја губи својата смисла).

Водич низ текстов ќе ни биде мошне значајната книга „Европа: помеѓу еволуција и евтаназија“ на влијателниот словенечки теоретичар Томаж Мастнак. Иако Мастнак е познат како убедлив и жесток критичар на европската идеја, многумина го сметаат за еминентно европски мислител, во смисла на преиспитување на идеолошките флоскули и на дневните клишеа што го пропишуваат мислењето онака како што налагаат актуелните политички потреби.

Повеќе прочитајте овде…

Leave a Reply

Your email address will not be published.