Епикур: Водич за среќа

Епикур верувал дека сите можеме да бидеме среќни – проблемот е во тоа што едностано ја бараме среќата на погрешно место. За разлика од многу филозофи, верувал дека не треба да чиствуваме вина поради тоа што живееме добар и среќен живот и ветил дека може да ни покаже како тоа да го постигнеме. Луѓето мислат дека патот до среќата е едноставен. Дека се се сведува на многу пари, но пред да посегнеме по новчаникот, Епикур од нас бара да застанеме и да размислиме. Лесно е да се замисли дека парите можат да ги решат сите проблеми, но дали е тоа вистина?

Во денешно време, луксузниот живот, понекогаш може да биде опишан како ‘епикурски’, но всушност е погрешно толкување на неговата филозофија. Иако рекол дека задоволството е најбитната работа во животот, тој самиот живеел далеку од луксузниот живот. Имал едноставна куќа, носел едноставна облека, пиел вода наместо вино и бил среќен јадејќи оборци со леб, малку зеленчук и неколку маслинки. Во една прилика го замолил пријателот “Испрати ми малку сирење, за да можам да направам гозба.”
Тоа бил вкусот на човекот кој го објаснувал задоволството како врв на животот.

Три состојки на среќа

Во срцето на Епикуровата филозофија лежи една мисла: не знаеме што не прави среќни. Не привлекуваат материјални работи и убедени сме дека тие ќе не усреќат. Често не сме во право. Она што сакаме не е секогаш она што ни треба. И ништо друго не ја покажува таа теза поточно, како нашата желба постојано да одиме во шопинг.

За среќа на оние без многу пари, Епикур тврдел дека ги открил главните состојки за среќата и првата состојка која ни треба се пријателите. Толку бил сигурен во својата теза што направил еден радикален потег. Дошол во Атина во 35 година пред нашата ера, купил куќа и замолил неколку свои пријатели да се вселат кај него. Куќата била доволно голема сите да имаат соба и приватност, но во исто време сите да бидат заедно за време на оброците преку разговор во заедничката просторија. Епикур само го прифатил ‘здравиот разум’ а тоа е дека пријателите се еден од водечките извори на среќа. Негова препорака е никогаш дури ни ужина да не јадиме сами: “Пред да јадете или пието било што, размислите со кој да го направите тоа. Јадењето сам е живот за лав или волк.”

Друга работа за која Епикур верувал дека ни е неопходна за среќае е слободата. За него и неговите пријатели, да се биде слободен значело да се биде финансиски независен, да не се одговара на ужасни шефови за нивното лошо работење, и поради тоа сите заедно одлучиле да ја напуштат Атина. Епикур напишал: “Мораме да се ослободиме од затворот на секојдневниот живот и политиката.” И тоа е баш она што направиле. Живееле едноставен живот, но уживале во својата слобода. Не им сметало тоа што не изгледале најдобро или немале доволно пари како другите, бидејќи зависеле само од себе самите.

Третата состојка за среќа, според Епикур е анализираниот живот. Под тоа мислел на живот во кој понекогаш си земаме време да се свртиме на својот живот и своите грижи. Да анализираме она што не мачи. Нашите тежини брзо исчезнуваат, ако им посветиме малку време и да размислиме за нив. За да го постигнеме тоа, потребно е понекогаш да се оттргнеме од бучниот свет и да најдеме време и простор каде можеме во тишина да размислиме за својот живот.

Виновен е маркетингот!

Секако, парите никого не унесреќиле, но сигурно никого и не усреќиле. Ако ги имате своите состојки потребни за среќа, но ви недостигаат пари, среќата никогаш нема да ви биде скратена. Ако имате многу пари, но немате пријатели, слобода и анализиран живот – никогаш нема да бидете среќни, тврдел Епикур.

Но ако состојките за среќа се така едноставни, зошто толку малку луѓе се среќни? Епикур за тоа го обвинувал огласувањето (во денешно време сигурно би го обвинил маркетингот и маркетинг службите). Огласите не тераат на чувство дека ни недостига ат многу работи во животот, но тој инсистирал дека ни требаат само три работи, за да бидеме навистина среќни: пријатели, слобода и анализиран живот.

Ако бил во право, зошто тогап толку многу сакаме да купуваме? Епикур верувал дека комерцијалниот свет ги комбинира работите кои сака да ни ги продади со работите кои навистина ни требаат. Во примерот можеме да видиме дека бил во право и дека се до денес се практивкува истиот маркетинг метод.

Наследството на Епикур

Иако живеел пред повеќе од 2000 години, Епикур би го разбрал притисокот под кој луѓето се наожаат денес и кој ги тера да купуваат постојано.

Во југозападна Турција, во древниот град Оиноанда, кој некогаш имал 25000 жители, раскошен театар и голем пазар, бил и домот на еден од најбогатите луѓе во градот, следбеник на Епикуровата филозофија, Диогенес. Диогенес донел една многу необична одлука. Платил да се изгради еден голем зид на кој ј аиспишал целата филозофија за среќа на Епикур за да сите жители можат да ја видат и научат, па дури и да бидат инспирирани од неа. Диогенес тврдел: “За да бидеме среќни не е доволно понекогаш да прочитаме филозофски мисли, потребно е нешто постојано да не потсетува на нив. Бидејќи во градот, со голем број луѓе, реклами и производи многу брзо се губиме и забораваме на работите кои навистина ни се потребни.”

За да направи опозоиција за рекламите, и самиот направил реклама која им нудела на луѓето она што навистина им е потребно/ го изградил својот зид веднаш покрај пазарот, а на него купувачите биле предупредени да очекуваат малку среќа од купувањето. На еден од сочуваните фрагменти пишува “Луксузните јадења и пијалаци не ве штитат од зло.”

Иако зидот се сега само рушевина, веројатно по низа земјотреси, идеата испишана на него живее и до денес. Епикур признал дека не е лесно да се биде среќен, но потенцирал дека препреката никако не е финансиска.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.