Емирот на Катар абдицираше во корист на својот син

Во телевизиското обраќање, емирот изјави дека дошло време за „нова страница“ и „да ги предаде одговорностите на новото поколение“.
– Ви се обраќам на сите за да Ви укажам дека ја предавам власта на шеик Тамим бин Хамад Ал Тани, рече тој во обраќањето преку националната телевизија.
Абдицирањето на шеик Хамад е прво во Катар и во поновата историја на арапскиот свет каде ниту еден владетел не се откажал од власта по своја волја, наведуваат западни медиуми.
Новиот емир (33) ќе биде најмладиот лидер на држава меѓу монархиите од Заливот.
Шеик Хамад ја презеде власта во преврат во 1995 година. Според дипломати емирот одамна планирал да абдицира во корист на престолонаследникот.
Западни медиуми јавуваат дека за одлуката постојат само гласини без да има официјално објаснување, но се смета дека шеик Хамад има здравствени проблеми. Аналитичари во Катар наведуваат дека не очекуваат големи промени во надворешната или внатрешната политика и Тамим најверојатно ќе почне процес за формирање нова влада.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.