“ЕЛЕМ” го вработи Драгиша Милетиќ, момчето со печатот

Од ЕЛЕМ за Плусинфо потврдуваат дека Драгиша Милетиќ е вработен во дирекцијата на АД ЕЛЕМ на јавен оглас и според Законот за работни односи. Неговиот работен однос е заснован на неопределено време. Огласот е објавен на 30 и 31.07.2015 година во весниците Вечер и Лајм.

Милетиќ беше и пратеник во претходниот пратенички состав кога дојде во фокусот на јавноста откако му го позајми печатот на Стевчо Јакимовски за да може да се кандидира на локалните избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published.