Елеганцијата на белите подови
Тие на просторот му даваат посебен шарм, бидејќи изгледаат совршено и совршено одговараат на модерни ентериери и големи простории.
Особено ја нагласуваат белината на просторот ако се одлучите и зидовите како и мебелот да се во бела боја.
Одлични се за комбинација со мебел во јаки изразени бои и дефинитивно со белиот под најдобро се вклопуват подобро отколку со паркет или ламинат.
Дрвените подови се секогаш подобра солуција за романтични, старински стилови и секој вид дрво исто така може да се преработи и да се нанесе бела боја. Според вкусовите и желбите подот може да биде и млечно бел, или може да се долови старинскиот шарм ако на места го оставите несовршено обработен (излупен).
Со белиот под нема да погрешите, а живоста на рпосторот во кој се наоѓате можете да ја постигнете со неколку впечатливи детали на зидвоите во весели бои.