Екстерното тестирање ги вознемири и учениците и професорите

Естерното тестирање предвидува околу 50 000 прашања од сите предмети. Наставниците велат дека на некои прашања се понудени неточни одговори.

На пример, на прашањето: „Колку букви има кирилицата која настанала со преобразба и поедноставување на глаголицата?“, понудени се 4 неточни одговори: а) 58 б) 48 в) 28 г) 38. Точниот одговор е 44, освен ако авторот на прашањето не ги помешал кирилицата и глаголицата, коментираат некои од наставниците кои ги контактиравме.

Иако учениците макортпно учеле, не можат да ги најдат одговорите на следните прашања:

Каков вид текст е „Богородица оди по маките“? Кој средновековен роман претставува христијанизација на животот на индискиот светец Буда?

 

Нашите соговорници велат дека во учебникот попатно се споменати два романа кои преку византиската литература се преземени од индиската, но нема никаква друга информација за нивната содржина.

Потоа прашањата: Кој лик од „Мртви души“ е скржавец? Ова дело не во програмата, ниту пак се работи на часовите.

Кои четири планети Данте ги видел на излегување од пеколот и што симболизираа тие?

Наставниците велат дека одговорот го нема во учебникот, туку во поговорот, во едно од многуте изданија на „Пеколот“.

Списокот на погрешно формулирани прашања, повеќесмислени одговори и неважни факти е многу долг, велат наставниците.

 

Многу наставници се револтирани, но не сакаат да јавно да коментираат бидејќи, како што рекоа се соочуваат со големи притисоци од директорите на училиштата во кои работат. Тие велат дека се соочуваат и со закани од казни.

 

Екстерното тестирање ќе се спроведува до 10 јуни, а за оваа учебна година кое ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.

 

За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предмет застапен со еден час неделно генерирани се 100 прашања, за предмет со два часа неделно 200 прашања, за предмет застапен со три часа неделно 300 прашања.

 

Укинувањето на екстерното тестирање беше едно од барањата на средношколците кои протестираа и три недели кампуваа пред вратите на Министерството за образование.

Министерсвото понуди, екстерното тестирање да нема измени годинава, а преку лето да се формираат работни групи кои ќе работат на негово подобрување, но средношколците го одбија предлогот.

Тие го предлагаа словенечкиот модел каде што се полага анонимно, а оценката не фигурира во свидетелството, но Министертвото не го зема во обзир овој предлог.

Од Министертвото за образование нема најава дека планираат нешто да сменат или ревидираат во моделот на екстерното тестирање.

Наставните кои реагирале минатата година велат дека нивните сугестии и реакции никој во надлежното Министерство не ги земал во обзир.

 

Извор: НОВАТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.