Екстерно образование: за што по ѓаволите служи високото образование?!

Министерот за образование, објаснувајќи го протестот „Против екстерното“, си игра (?) со параноични општи впечатоци, најпрво кога се исчитува неговата изјава, бранејќи ја, нели, владата, се доведува во прашање неговата писменост (дали не треба да си поднесе оставка ако страда од параноја!?), а од друга страна, нам, преку неговиот дискурс ни се објаснува како системски е растуреното образованието на солидарност

Позади студентите стои сива еминенција од ‘партиски’опозицонери, вели министерот за образование. Истата изјава само се пресликува кај шефот кој е задолжен за се’, името да не му го спомнувам, па така, арбитрира и’ за образованието. Пред да стигнеме до оваа конструкција на владата, да видиме каква е (не мислам на тоа колкава бројка студенти се запишувааат) побраувачката за индекс во Македонија. Најпрво, тоа е прилично стресна работа, спремање на подготвителна литература, запазување на рокови, планирање, адекватни идентитетски обрасци (кој си, што си, зошто си?), приемни испити во кои младите луѓе се изложени на огромен „стрес“ во своите формативни години. Секој еден кој го поминал овај „образовен“ период знае за што зборувам. Кога ќе ги имаме овие поразителни впечатоци, ќе дојдеме до заклучок: младите студенти вложуваат многу поголем труд, знаење и енергија од министерот за образование, градоначалникот на Скопје, како и останати партиски апаратчици во естаблишментот, нели, колнејќи се само и’ единствено во мртвата укоричена книшка – партиска книшка, како и мртвото слово – статутот на партијата. Тогаш како овие факти ги разбираме кога мислиме дека разбираме по нешто и за домашното образование и неговата улога во општеството?

Факт е дека академска титула, како и останти др.-мр. позиции може да се дојде и низ друг пат, со помалку труд, знаење и енергија. Партиската книшка на ДПМНЕ, без никаков труд, знаење, енергија значи дека многу полесно ќе се дојде до титула преку која ќе се работат најодговорните работи во државата. Што значи дека постои многу поголема титула од онаа титула која ја дава Универзитетот – а тоа е партијата. Луѓето пак, кои работат на универзитетот „напумпани“ се со многу излишно образование кое се докажа дека за ништо и никому не користи. Па, знаејќи го тоа – дери по студентите. Иако бескорисни, луѓето на универзитетот уживаат привилегии и углед (кој е лажен, јасна ствар!) за моќта која ја има академската заедница. Тоа другото, за снаоѓање во животот, се предава надвор од образовните институции: тоа не е ниту артикулирано ниту систематизирано како би можеле во неговата поделба сите равноправно да учествуваат. Па оттука, сите некако како да си играат високо образование : родителите ги охрабруваат децата да студираат, децата „жилават“ да се запишат на факултет, универзитетските работници „наакани“ изигруваат авторитети и никој отворено не ја критикува Владеачката елита која системски го подрива образованието и го претвора во мрачен ходиник на бездушност. А секоја будала на улица ќе ти каже дека со години живееме во земја која перманентно пропаѓа, односно во држава која не умее да ги исполни ниту најелементарните обврски. Може ли оваа состојба во образованието да се објасни на еден разумен и логички начин? Не може – тврд ви стојам!

Прашајте го било кој студент – тврд ви стојам! – каков план синко имаш после студирање? – Штрафта, татица, штрафта. Успех, добри оценки и отварање на пат во некои големи и репрезентативни странски универзитети, прв чекор за трајно напуштање на земјава. Да ви редам примери со име, презиме и матичен број на мои, школски, поблиски и подалечни пријатели, родинини? Друго, универзитетските работници знаат дека уживаат незаслужени титули, што од нив прави едни од најкорумпираните (во морална смисла) како едни од највисоките слоеви на општеството: политичарите дополнително им отвараат „шуплина“ во која можат да ги исполнат своите материјални страсти (на ист принцип како што се доделува „милостиња“), за возврат бараат да ги остават на мира, што тоа и прават. Ги оставаат на мира. Кога ќе го дигнат гласот? Кога ќе ги удриш по плата, ама ни тогаш доволно силно против власта. Се’ чини дека единствена нејасна улога е улогата на родителите. Јасно е само дека родителите потајно припаѓаат на некои од овие две групи; а оние други родители кои не припаѓаат на овие групи, пак, потајно ги мотивираат своите деца да одат од земјава. Повеќе би дале да ги кешираат во „белиот свет“ отколку да го менуваат образованието и општеството во целина.

Ова е само мал дел од проблемот и произволна анализа на еден човек кој е ужасно далеку од државните институции (и навистина е важно зошто нема сериозни анализи за домашното образование, академското, средното и основното), втемелна на „реалистички“ претпоставки кои би можеле да се земат во предвид. Во најмала рака ова е дискурсот на некои општи места кои го сочинуваат образованието во Македонија – токму идејата на солидарноста низ протестот на студентите се докажа дека власта се труди системски да ја униши на сите нивоа.

На што не учи оваа лекција од општество? Поуката треба да се бара тамо дека поединец не може да го промени општеството, но клучот лежи во солидарноста за јавните каузи. Колку и’ да се труди Груевски да ретерира, и да пролонгира Екстерно образование со почеток во 2017. тоа не е најважната точка во образовниот систем како би се реформирал, туку е споредна последица – не за да се добие знаење, ами – да се сузбие социјалната кохезија и солидарноста. 

Дали „екстерното образование“ ќе ги научи студентите да се снајдат во животот после дипломирањето? Дали ќе го намали ризикот на оние кои доѓаат од попривилегираните социјални заедници со оние од загрзоените социјални заедници? Владата и нејзиното „екстерно образование“ е олицетворение на суштинска расипаност на образовниот систем кој обликува и форматира млади луѓе. 

П.С. Ако некои професори навистина сакаат да си го зачуваат образот и да почнат да се занимаваат со вистинско образование, еве, на идниот Студентски пленум имам некои сериозни прашања кои можеби би помогнале: Еве неколку: зошто професорите не ги учат студентите да направат протест кој ќе работи? Дали студентите можат да им признаат на професорите дека не прават протести затоа што никој не ги научил? Дали некој ги научил да ги аргументираат своите барања? Дали некој ги научил како се води дијалог? Дали некој ги научил како се прават сојузи како би можел нивниот протест да биде појак? Дали државниот универзитет треба да оди „пазарно“, или да остане во „оквир“ на државата? Каква е врската измеѓу државата и универзитететот? Дали Универзитетот е најмоќната позиција во државава и дали Универзитетот е контролиран, или што се Универзитететот контролира? Еве озбилни теми и прашања. Како што гледате, има премногу сериозна работа, ако професорите и управучките тела се спремни на овие прашања. А, ако не, тогаш треба сите професори да се сменат – ако веќе на власта им е до реформа во образованието – а тоа е првиот чекор, најлесниот.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.