(ВИДЕО) Експлозија пред штаб на СДСМ во Карпош

Експлозија, во која се оштетени неколку возила, одекна синоќа пред регионалниот штаб на СДСМ, во скопската општина Карпош на улица „Варшавска“, дознава Плусинфо. Информацијата ја потврдија од МВР, од каде велат дека за време на експлозијата очевидци немало. Според МВР, засега нема индиции за никаква поврзаност со СДСМ. Од експлозијата на бомбата нема повредени, иако во моментот во штабот имало триесетина активисти од подмладокот на СДСМ.

На местото каде беше фрлена експлозивната направа пристигнаа и функционери на СДСМ од каде повикаа полицијата да го расветли случајот и да ги пронајде сторителите. Неофицијално експлозијата е предизвикана најверојатно од рачна бомба, но за оваа информација сè уште нема потврда од МВР, бидејќи во тек е увидот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.