Експлозија на автомобил во Кавадарци

Според соседи на 29 годишниот кавадарчанец чиј автомобил експлодирал, се работи за релативно ново возило купено на лизинг, кое нема поминато ниту 70 илјади километри.

Од СВР Велес потврдуваат дека 29 годишен кавадарчанец пријавил дека во неделата околу 2.20 часот му било опожарено возилото “цитроен Ц-4” кое стоело на паркинг плац пред неговата зграда.

– Опожарен е предниот дел на возилото каде што стои моторот, изгорена е предната лева гума и оштетено предното ватробранско стакло. Се работи на утврдување на материјалната штета направена на возилото како и на расчистување на случајот-рече портпаролот на СВР Велес, Ненко Александров.

Извор Дневник

 

[ipanorama id="4378"]

Leave a Reply

Your email address will not be published.