ЕКСКЛУЗИВНО: Новинар од Глишиќ (кавадаречко) се вработи во Сител

Љупчо Златев, младо момче со големи амбиции и родум Глишиќ, кавадаречко, од неодамна е вработен во Сител. Бидејќи работата не знае да чека и притоа треба да се оправдаат средствата, Златев се пушти на “орање” и со прашање до претседателот на ЗНМ зошто не реагира и не застане во одбрана на уредникот на Сител, Драган Павловиќ-Латас, лице чии телефонски разговори ги објави опозицијата во кои Мијалков му дава насоки за уредување на централните вести на Сител, притоа разговараат и прават сеир од апсењето на Бошковски, ебаваат матер на државата…

Златев во прашањето кое траеше “триесетина минути” а го упати до ЗНМ констатираше дека Здружението реагира само кога се нападнати како што вели, „проопозициски новинари без да води грижа за провладините“.

Златев, новиот член на репортерскиот тим на Сител, телевизијата за која од објавените снимки на опозицијата самиот Латас ја нарекува КУРТОН, е загрижен СДСМ да не искористи дел од материјалите за уцени на новинарите.

Притоа новинарот од Сител потенцира дека немал коментар во врска со случајот со прислушувањето на преку 20.000 македонски граѓани и директниот упад во нивните приватни животи од страна на актуелната влада на Република Македонија.

На крајот од прес конференцијата присутните новинари не можеа да се воздржат а да не се насмеат на глупостите кои им ги презентира уште еден нов македонски “новинар”.

Leave a Reply

Your email address will not be published.