ЕКСКЛУЗИВА: Сорос ги плаќал интернет сметките на Љупчо Златев, “новинарот” од Сител

Дел од интернет сметките за 2012/2013 година кои гласат на адреса на живеење улица “Младост” бр.34 која се наоѓа во населбата Глишиќ во општина Кавадарци, оделе на терет на здружението на граѓани “Проект-Еу” од Кавадарци. Адресата на улицата “Младост” добива своја “тежина” и е карактериатична што токму на неа живее лицето Љупчо Златев, ни помалку ни повеќе ами вработен како новинар во телевизија Сител.

Токму лицето Златев минатата недела во еден од неговите прилози се обиде да стави црн белег и да ја дискредитира работата од минатото а и сегашноста на ова здружение, со валкан прилог кој само се приклучи на хајката која се води кон дел од македонскоте невладини организации. Златев се обиде да “одработи” за режимот за кој што одработува и медиумот во кој е стациониран. За жал не му успеа и му се случи бумеранг.

Очигледно дека Златев заборавил на доскорешното минато, како секојдневно присуствуваше во дел од работата на ова здружение и притоа до поткинуваше нејзиниот буџет. Најголениот дел од финансиите кои им се одобрени на “Проект Еу” се потрошени на административни трошоци, баш онакви како што се и интернет сметките на новинарот Љупчо Златев.

Во прилог се и сметките како и налозите со кои Сорос му ги плаќа на Златев, и притоа не бара баш ништо за возврат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.