Eкономската криза е мајка на фашизмот

Таму каде интересите на крупниот капитал стануваат интереси на политиката, тука блиску е и фашизмот. Не е ни чудно што се јавува како одговор на комунистичката револуција во Советскиот Сојуз.

Фашизмот ја негира борбата на класите, но во таа борба ја претставува наоружаната рака на капиталот. Ниската средна класа и маргинализираните слоеви ги исполнува со страв од економска криза, од левицата и пролетаризацијата и ги претставува како парамилитарци, за да со брутална сила го намали бројот на социјалисти, синдикалци, работнички и социјални движења. Мусолини бил финансиран од фарбиката за оружје “Ansaldo” и британската тајна служба; Хитлер го финансиирале производителите на оружје од Рур; Франко имал подршка од големопоседниците и стопанствениците, Пиноче – САД и чилеанските олигарси.

Економската криза е ќерка на капитализмот и мајка на фашизмот истовремено. И покрај тоа што беше во победничкиот тим во Првата светска војна, Италија од војната излезе толку уништена што средната класа беше срушена и припремано и е масовно учество во маршот на Мусолини на Рим. На мајските избори 1924 година, Хитлер добил само 6,5 проценти гласови, во декември истата година само 3 проценти. Меѓутоа, 1932 година добил 37,2 и дошол на власт, која ја искористи за укинување на другите партии. Но фашизмот не ја ублажува кризата – тој ја отежнува. За време на владеењето на Мусолини трошоците за живот пораснале три пати. Хитлер невработените ги вработил во производство на наоружување кое довело до Втората светска војна која ја опустоши Европа и зад себе остави 60 милиони мртви. Фрнако ја започнал граѓанската војна чија цена била поголема од милион мртви и неколку децении пропаст. Аргентинските фашисти убиле околу 30.000 сонародници, Пиноче убил околу 3000 чилеанци.

Фашизмот ги собира масите, но им служи на аристократите. Неговите лидери доаѓаат од виоските класи и воспоставуваат хиерархиски и авторитарни системи. Историчарот Чарлс Мајер нагласува дека во 1927 година 75 проценти од членовите на италијанската фашистичка партија биле од средната и ниската средна класа, само 15 проценти биле работници, а 10 проценти доаѓале од елитата. Тие, меѓутоа, заврземале високи позиции и ги одредувале конечните цели. Хитлер го поставил Фирер-принципот: секој функционер треба да го користи подредувањето како што му е драго заради постигнување на целите, а сметките ги полага исклучиво на надредениот. 

Фашизмот е расистички: Хитлер ја постулира супериорноста на аријевската “раса”, Мусолини ги збришал Либијците и Етиопјаните, а планирал и жртва од половина милион “варварски и инфериорни” робови во корист на 50.000 супериорни Италијанци. Фашизмот поради своите цели ги жртвува народите и културите кои ги презира. Фалангистите превземале контрола над Шпанија со помош на маварските трупи. Алберт Шпер, Хитлеровиот министер за економија, ја продолжил Втората светска војна за уште две – три години со производство на оружје во кои фабрики работеле три милиони робови од “пониските” раси.

Фашизмот е благословен: свештениците ги подржувале фалангистите кои излегувале да ги убиваат соседите и да ги стрелаат поетите. Папата ги благословил трупите кои Мусолини ги испратил во војна. Никогаш не го осудил Хитлеровото насилство. Црквата му се поклонувала на Франко и Пиноче како идоли.

Фашизмот е женомрзечки. Мисијата на жената се сведува на црква, кујна, деца. Никогаш ниту една придружничка јавно не настапила покрај својот лидер – оние кои ги имале, ги криеле или целосно ги потиснале. Никогаш не прифатиле дека една жена може да напредува со своја заслуга или иницијатива. Хитлер ги затворал на фарма за “одгледување” како би раѓале аријевци; Мусолини им ја доделил улогата на утроба за зголемување на италијанската демографија; Франко и Пиноче ги ограничиле на црква и сала за породување.

Фашизмот е антиинтелектуален. Сите авангарди од минатиот век биле напредни: експресионизам, дадизам, надреализам, конструктивизам, кубизам, егзистенцијализам, нова фигурација. Сите нив, освен футуризмот, фашизмот ги третирал како “дегенерирана уметност”. Фашзимот не измислува, туку рециклира. Верува само во вчера, едно имагинарно вчера кое никогаш и не постоело. Фашзимот го уби Матеоти, го затвори Грамши, го стрелаше Лорка, го уби во затвор Хосе Ернандес. Пиноче го уби Виктор Хар. “Кога ќе го слушнам зборот култура, вадам пиштол”, велел Геринг. Кога ќе го слушнеме дека се зборува за фашизмот, ја вадиме нашата култура !

 

Извор: akuzativ.com
Превод: Попова

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.